Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип

Набавени се 2500 вакцини против грип кои граѓаните ќе можат да ги примаат од 15ти октомври. Цената на вакцината и оваа година е иста и изнесува 400 ден.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vakcini
вакцини

Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. вакцини

Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со големи групи на луѓе, препорачува раководителот на Центарот за јавно здравје.

Вакцинирањето започнува од 15-ти октомври бидејќи потребни се најмалку 14 дена за да се стекне имунитет, а сезоната на грипот кулуминира во декември, јануари и февруари, објаснува Михаилов.

Покрај вакцинација за заштита од грипот многу важно е да се превземат и хигиено-епидемиолошки мерки особено во училиштата и градинките, додаде тој.

Министерството за здравство од денес започнува со нивно интензивно спроведување. Михаилов кажува дека тие како институција ќе бидат активно вклучени во спроведувањето на сите мерки против грипот бидејќи тој ни малку не е лесно заболување. Многупати поради компликации од грип пациентите можат да завршат фатално, додава раководителот. Тој се надева дека и оваа година превенцијата ќе ги даде очекуваните резултати па во Охрид нема да има такви случаи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top