Автор: Голабовски Крсте

„Врати ми ја љубовта“ на ТВМ ТелевизијА

Post Views: 16 Од утре со почеток во 17:30 ТВМ телевизијА започнува со емитување на новата руска мелодрама насловена „Врати ми ја љубовта“. „Врати ми ја љубовта“ е нежна љубовна приказна во најсудената земја во светот, за Вера, младата убава и наивна сиромашна девојка чијашто најважна работа е свирењето на инструментот виолончело. нејзиниот живот се менува кога запознава двајца млади мажи, младиот весел и амбициозен сликар Влад и болно амбициозниот и свиреп бизнисмен Антон. Какви патешествија ја чекаат младата Вера, откријте на програмата на ТВМ ТелевизијА, секој работен ден во 17:30...

Continue reading

Мистерии на дотраените куќи: Смртоносна тапија – недела 22:30

Post Views: 9 За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, викендов ќе уживаат во третиот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Смртоносна тапија – недела 22:30. Шенон Хамер е сопственичка на градежна компанија и истовремено експерт за реставрација на стари куќи од Викторијанската ера.  Во третиот дел насловен како „Смртоносна тапија“, Џуел треба да го открие сторителот на убиство на еден банкар во една стара куќа, пред реновирањето да премине во демолирање. Сабота на ТВМ Телевизија, Мистерии на дотраените куќи: Смртоносна...

Continue reading

Општина Охрид дел од проектот „ЕУ за општините“

Post Views: 5 На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра. Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. „Благодарение на...

Continue reading

ТАВ АЕРОДРОМИ ЈА ПОТПИША „ДЕКЛАРАЦИЈАТА ОД ТУЛУЗ”

Post Views: 2 ТАВ Аеродроми, денес, на 4-ти февруари 2022 година, ја потпиша Декларацијата од Тулуз, приклучувајќи се на глобалната воздухопловна иницијатива кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во животната средина, предводена од 200 европски аеродроми и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се веќе сертифицирани согласно Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод. Тулуската Декларација е воведена од страна на француското претседателство со ЕУ, денес, на 4-ти февруари, како прв чекор во делот на јавно-приватната иницијатива, со цел поддршка...

Continue reading

утре дезинсекција против комарци во Струга

Post Views: 7 На барање на Министерство за транспорт и врски, во четврток (12.08.2021), на територитјата на општина Струга на површина од 1000 хектари, ќе се спроведе дезинсекција против комарци. Прскањето ќе почне од 22.00 часот до утринските часови на 13.08.2021. Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на општина Струга.

Continue reading

Старата училишна зграда во Вевчани ќе го носи името на Коста Србакоски

Post Views: 11 На предглог на градоначалникот Спасе Кочоски, а прифатен од членовите на  Советот на општина Вевчани, донесена е одлука старата училишна зграда да го носи името на Коста Србакоски.   Името на објектот на старата училишна зграда ќе гласи, Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани, а на објектот ќе се постави и информативна табла, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Вевчани. „Коста Србакоски (16.9.1943 – 26.8.2020), Вевчанец, но пред сé човек – светилник. Заштитник на природата. Идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на...

Continue reading

rakomet

„Гладијаторите“ обезбедија учество во завршницата за Купот на Македонија

Post Views: 11 Охридските ракометари обезбедија место во завршницата од Купот на Македонија откако викендов во спортско-рекреативниот центар „Биљанини извори“ триумфираа во финалниот натпревар од четвртфиналната група за Купот на Македонија. Во натпреварот „Гладијаторите“ ја совладаа екипата на Прилеп со 35-32, а претходно славеа против екипата на Тинекс Пролет. Ракометарите на Охрид обезбедија учество на завршницата во Купот на Македонија, победувајќи го Прилеп 35-32 (16-13) во финалето од четвртфиналната група, која се разигруваше во „Билјанини Извори“. Тешко заработена беша оваа...

Continue reading

Акција за подигање кабаст отпад во осма Урбана единица оваа сабота

Post Views: 6 Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон. Се молат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад,  уредно да го депонираат до 18-ти...

Continue reading

Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 12 Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.02.2022 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат следните точки:         Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.        Предлог-решение за избор на член во Комисијата за јавни и комунални дејности.        Предлог-решение за избор на член во Комисијата за финансии и буџет.        Предлог-решение за избор на член во статутарно – правна комисија.       ...

Continue reading

Крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Post Views: 23 Во тек е крводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид во периодот од 10-14 часот. „Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција“, апелираат од Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Continue reading

Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

Post Views: 2 На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи. Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди. Оперативниот тим беше предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан...

Continue reading

anastasija

Анастасија Мојсовска зачекори кон врвот на македонското стрелаштво

Post Views: 8 Младата пионерка Анастасија Мојсовска веќе зачекори кон врвот на македонското стрелаштво. Имено, таа се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 166 круга, на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма што викендов се одржа во Скопје, а на кое учество зедоа околу 50-тина стрелци. И во екипна конкуренција пионерките на СК ,,Охрид,, во состав: Анастасија Мојсовска, Ивана Петреска и Јована Каланоска ја зазедоа  втората позиција со резултат од 415 кругови, за 6 помалку од првопласираната екипа на СК ,,Кавадарци“. Кај пионерите трето место во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top