Автор: Голабовски Крсте

„Првите“ наскоро на ТВМ телевизијА

Post Views: 7 За сите љубители на научната фантастика, ТВМ Телевизија ви ја носи научно фантастичната телевизиска серија „Првите“ со Шон Пен во главната улога. Екипаж на астронаути заминува на првата мисија со човечки екипаж на планетата Марс. на долгото патување ќе се сретнат со голем број пречки, додека ја изтражуваат можноста за колонизација нан црвената планета. Наскоро на ТВМ телевизијА, „Првите“.

Continue reading

Денес се одбележува Меѓународниот ден на жената

Post Views: 7 Меѓународниот ден на жената (8-ми март) е празник кој во својата суштина ги содржи економските, политичките и општествените достигнувања на жените и нејзината борба за родова рамноправност. Првите јавни демонстрации на жените вработени во текстилната индустрија биле организирани на 8 Mарт 1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Протести на истиот датум се случувале и наредните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15 илјади жени марширале низ Њујорк барајќи пократко работно време, подобри...

Continue reading

Работна средба помеѓу охридскиот градоначалник и министерката за култура

Post Views: 0 Работна средба помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, се одржа деновиве во кабинетот на градоначалникот. На средбата градоначалникот и министерката разговараа за меѓусебната соработка, особено во делот што се однесува на УНЕСКО, како и за подобрување на комуникацијата помеѓу сите засегнати институции и организации. Градоначалникот ја запозна министерката со тековните проекти кои се одвиваат во градот, како и за активното учество на Општина Охрид во изработката на трите планови за Охрид и за процесот со дислокација...

Continue reading

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Post Views: 28 Овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  се познати автори и книги, меѓу кои има и книга од македонски автор. “Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е “ Златната порта”. Неповторлива приказна за љубовта, војната и Русија. Ленинград, 1941 година. Проѕирниот самрак на белите ноќи и понатаму го чува златниот сјај на раскошот од минатите денови. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му...

Continue reading

Се сечe уште еден од големите борови на градскиот плоштад

Post Views: 9 Утрово наши сограѓани до рубриката „Ти си твојот град“ испратија фотографии на кои се гледа како службите на ЈП „Охридски Комуналец“ сечат едно од големите дрва на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Повеќе информации проследете во изданијата на Дневникот на ТВМ телевизијА.

Continue reading

Водич за процесот на верификација на нова квалификација

Post Views: 9 При подготовка на квалификација во соработка со образовните власти или при подготовка на квалификација која ќе биде понудена и изведувана од работодавец, следењето на дадени чекори и напатствија овозможува самостојно обликување на квалификација но и активно учество во квалитетот на квалификациите и во креирањето на образовните политики. https://www.e4e.mk/…/vodich-za-procesot-na-verifikacija… Водичот е изработен од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“,финансиран...

Continue reading

Обука за поднесување проекти за локална демократија во Западен Балкан 2

Post Views: 4 Деновиве, во големата сала на Општина Охрид беше спроведена обука со граѓанските организации за подготовка на предлог проекти, по претходно објавениот повик од страна на Општина Охрид. Проектот е  во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RЕLOAD2), од програмата за развој на обединетите нации (УНДП). На обуката граѓанските организации кои се потенцијални подносители на проекти, од страна на консултант беа детално запознаени со начинот на подготовка, пријавување и потребните критериуми. На обуката беа дискутирани идентификуваните недоследности...

Continue reading

Ќе се реконструира задружниот дом во село Требеништа

Post Views: 15 На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони. Со одлуката во рамките на проектот: “ Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион” одобрени се 3.500.000 денари за подпроектот: “Реконструкција на Задружниот дом во село Требеништа / втора фаза”. Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот  ( приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала.По реконструкцијата приземјето ќе се користи...

Continue reading

Од денеска КОВИД-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Post Views: 10 Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или...

Continue reading

Пратениците денес треба да се произнесат во врска Законот за недела неработен ден

Post Views: 10 Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден. Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари. Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата...

Continue reading

Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

Post Views: 9 Годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ организирана од институциите чиј патрон е познатиот поет и преродбеник Григор Прличев и координирана од Општина Охрид помина во знакот на три промоции на книги. Од денеска на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги зајмите и следниве наслови: „Прличеви беседи ( 1952 – 2022) хроника на еден културен настан од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска, „Охридски раскажувачи“ приредена од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и најновата наградена поема „Цветко“ од поетот Трајче Кацаров....

Continue reading

Ковачевски: Минимална плата 18.000 денари

Post Views: 9 Минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја ќе биде во висина од најмалку 18.000 денари.Ова е резултат од договорот што вечерва го постигна Владата со синдикатите и со работодавачите. Со ова најново покачување на минималната плата, трето по ред во последните 4 години, 80.000 граѓани ќе бидат извлечени над прагот на сиромаштијата. Постигнавме уште една важна согласност, истакна премиерот Ковачевски во својата изјава за медиумите по повод најновото зголемување на минималната плата, да ги промениме критериумите за методологијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top