Автор: Голабовски Крсте

Студено време во неделата пред нас

Post Views: 8 Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег. Утринските температури ќе се движат од -2 до 4, а дневни од 0 до 8 степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура од пет степени. За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утрински температури до -8 степени. Слично време се најавува и во наредните денови. АМСМ СЛУЖБА...

Continue reading

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ

Post Views: 2 Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица. Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.   Оваа измена се воведува поради зголемениот...

Continue reading

fist

Добра година за охридското теквондо

Post Views: 16 Зад Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ од Охрид е  уште една успешна година, во која спортистите од овој клуб уште еднаш докажаа дека трудот кој го вложуваат во салата и надвор од неа се исплатува и дека резултатите се се` поголеми од година во година. Членовите на клубот учествуваа и на 19-то светското Теквондо првенство за сениори, кое се одржа во Пловдив, Бугарија, а каде Македонија имаше своја репрезентација чиј дел беа и двајва членови на клубот од Охрид, Климент Грозданоски и Борче Јованоски, двајцата со црни појас 1 дан. Најдобрите спортисти на „Hwarang FIST“ беа...

Continue reading

strelci

Успешно завршена натпреварувачка сезона на охридските стрелци

Post Views: 9 Викендов во Скопје, на стрелштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин, се одржа последниот петти Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма, на кој учество зедоа 11 стрелци од Стрелачкиот клуб „Охрид“, сите во јуниорска категорија. Во категорија на јуниори, Гоџоски Мартин застана на првата позиција со резултат од 371,6 кругови или во севкупен пласман-категорија мажи е третопласиран. Попоски Васко со резултат од 564,6 кругови е третопласиран кај јуниорите, односно петтопласиран во севкупен пласман. Големо изненадување направи Иво Илинчев, кој го постави...

Continue reading

Градоначалникот Пецаков на средба со генералниот конзул на Косово во Македонија

Post Views: 0 Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари протоколарна средба со Генералниот конзул на Косово Агим Красниќи. На средбата Пецаков беше запознаен со работата на конзулатот кој е со седиште во Струга. Красниќи му го честиташе изборот на Пецаков за градоначалник и изрази уверување дека во иднина двете институции ќе бидат отворени за соработка. Генералниот конзулат официјално започнал со работа во септември 2020 година и го покрива југозападниот дел на Македонија.

Continue reading

Нов состав на Комисијата за заразни болести?

Post Views: 0 Според неофицијални информации, Комисијата за заштита од заразни болести ќе има нов претседател на местото на досегашниот претседател Жарко Караџовски. На местото претседател на комисијата се споменува името на доктор Александар Петличковски, додека докторот Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол на оваа комисија, а дел од комисијата неофицијално треба да биде и докторот Нико Беќаровски. За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.

Continue reading

Забрана за движење на ТМВ на неколку патни правци во Западна Македонија

Post Views: 10 На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ. Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга-Ќафасан, a поради обилни врнежи од снегод 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Continue reading

спортисти

Ќе се избира најуспешен спортист за 2015 година

Post Views: 2 И годинава Сојузот на спортови ќе избира најуспешен спортист за 2015 година. КАТЕГОРИИ:– Најуспешен спортист – поединечно,– Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски,– Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски,– Најуспешна спортска екипа,– Најуспешен спортски тренер,– Најуспешен спортски работник,Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл. СЕ ПОВИКУВААТ:– Сите членови на Сојузот на спортови Охрид,– Сите спортски екипи кои делуваат на територијата на Охрид,–...

Continue reading

Регистрирани серија земјотреси во охридско-струшкиот регион

Post Views: 4 Серија земјотреси се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран синоќа во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер. Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по рихтер. Во соопштението кое го издадоа од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ се вели: „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше земјотреси...

Continue reading

Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Post Views: 7 Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра. Државниот...

Continue reading

Меѓународен ден на човековите права

Post Views: 8 Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е усвоена Универзалната декларација за човекови права. Декларацијата е создадена во  периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права,...

Continue reading

Јаневски за српска Политика: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид

Post Views: 9 Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува. Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top