Студено време во неделата пред нас

Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.

 |  Голабовски Крсте  | 

Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 4, а дневни од 0 до 8 степени.

Во Скопје слично време со максимална дневна температура од пет степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Утрински температури до -8 степени.

Слично време се најавува и во наредните денови.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Крак Маврово – Дебар е укината од 08:00 часот.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Забрана за тешки моторни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top