Старата училишна зграда во Вевчани ќе го носи името на Коста Србакоски

На предглог на градоначалникот Спасе Кочоски, а прифатен од членовите на  Советот на општина Вевчани, донесена е одлука старата училишна зграда да го носи името на Коста Србакоски.

 |  Голабовски Крсте  | 

На предглог на градоначалникот Спасе Кочоски, а прифатен од членовите на  Советот на општина Вевчани, донесена е одлука старата училишна зграда да го носи името на Коста Србакоски.  

Името на објектот на старата училишна зграда ќе гласи, Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани, а на објектот ќе се постави и информативна табла, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Вевчани.

„Коста Србакоски (16.9.1943 – 26.8.2020), Вевчанец, но пред сé човек – светилник. Заштитник на природата. Идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на вевчанскиот сепаратизам од злото и неубавото. Неговата посветеност против сите манифестации на тоталитаризам беше и остана побистра и од најбистрите вевчански води. Посветено на неговата мисија.Вечна слава и сеќавање!“, додаде Кочоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top