• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи.

 |  Голабовски Крсте  | 

На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи.

Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди.

Оперативниот тим беше предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан Балевски, Спец. Др Јован Недевски, Спец. Др Александар Јовановски и волонтер Др Тамара Таневска.
Инструментарки сестра Милена Типовска, сестра Јасмина Ончева и сестра Милена Стојкоска и болничар Наташа Младеновска. Зафатот траеше повеќе од 2 часа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top