Автор: Николоска Биљана

Вандали дивееле во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 1   Непознати сторители утринава дивееле во дворот на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. При доаѓање на работа, вработените од училиштето забележале оган, во кој гореле клупи, столчиња, канти за губре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите, да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана е од ваквиот чин, вели дека редовно пријавуваат во полиција, но досега од таму не добиле повратен одговор дали досега се откриени некои сторители и што е преземено против нив. „Ние...

Continue reading

Добра понуда за празникот Св Трифун

Post Views: 5   Двата празника Св. Трифун и Св. Валентин се одлична можност да ги изразите вашите чувства и љубовни изјави. Имајќи го во предвид верувањето дека со овој ден се буди природата и љубовта, празнувањето на овој ден го олеснуваат дел од охридските хотелско – угостителски капацитети, со своите понуди. Маријан Трпески менаџер за продажа во „Сити Палас“ вели дека нивниот хотел ги спуштил цените на дел од услугите кои ги нуди овој хотелски капацитет. „Имаме ресторанска понуда во која е вклучена салата јадење, десерт и вино Тиквеш. Додека во делот со спа центарот имаме понуда...

Continue reading

Гоце Ангеличин Жура се најде во последното издание на Патримониум

Post Views: 21   Светската едиција Патримониум, списание каде се сместени текстови од еминентните научници од цел свет, последното издание го посвети на нашиот историчар на уметноста и археолог Гоце Ангеличин Жура. Животниот опус на Жура крие безброј тајни за светиот град Охрид, дел од нив свое место најдоа во неговите досега издадени 16 дела. Најголемите умови од Цариград и светот биле на охридскиот престол, Охрид е уникатниот град во кој никој ништо не рушил ниту турците, пренесува Жура. Тој вели дека добро е што постојат луѓе во светот, кои следат, кој, што работи и пишува и ги...

Continue reading

Во Охрид се отвори првиот приватен психолошки центар

Post Views: 1   Советодавни и консултански услуги од применета психологија, во Охрид. Неодамна отпочна со работа првиот приватен психолошки центар Солушн. Психолошко советување, психотерапија, психодијагностика, едукативна програма за интелектуален и креативен развој на деца, како и оддел за едукација, семинари, обуки и работилници, се само дел од акривностите со кои се занимава овој центар. Целта е да се помогне во подобрување на менталното здравје кај човекот, вели дипломираниот психолог Ратко Раткушиноски. „Потребата за подобрување на менталното здравје лежи кај секој човек. Брзиот...

Continue reading

Дупките на „Карпош Војвода“ останаа несанирани неколку месеци

Post Views: 2   По обилните врнежи од дожд кои го зафатија нашиот град, возачите си имаат нова мака, а тоа се дупките кои секојдневно се отвараат. Но тоа не е нешто ново во Охрид. Речиси и да не постои улица односно труп на пат од каде не зјае по некоја дупка. Учесниците во сообраќајот, посебно возачите на моторни возила реагираат на ваквата состојба. Велат, плаќаме за одржување на патиштата и даноци и се останато, а дека не добивале адекватни услуги. Тие бараат поголема одговорност од надлежните. „Катастрофални се патиштава, не само во Охрид, туку и во Струга, Ресен, Битола катастрофа...

Continue reading

Нина Балабан, најдобар спортист на Охрид за 2016 год

Post Views: 0   Стрелачката Нина Балабан е спортист на Охрид за 2016 година. Оваа титула Балабан ја добива по втор пат, првиот пат беше во 2013 година. Таа изминатата година ја оценува како мошне успешна. Посебен печат било нејзиното учество на олимпијадата во Рио, добивањето на престижната награда Климентовата повелба, како и првиот натпревар после олимписките игри кој се одржал во Белград на интернационалните игри. „Можам да кажам дека јас сум единствениот македонски стрелец кој што успеа да се закити со трето место на еден престижен натпревар, се тоа крунисано со два државни и...

Continue reading

Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патронат

Post Views: 1   На одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“, синоќа беше потпишан меморандум за продлабочување на соработката на училиштето со Гете Институтот. Директорката Силвија Мојсовска потсети дека соработката со ГЕТЕ Институтот била започната пред 7 години и нивното училиште е едно од трите во Македонија каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик. „Користат разни модерни техники и инструменти за работа, опремија и една училница и ова е само едно продолжување на соработката бидејќи веќе има нова директорката, и со тоа продолжуваме...

Continue reading

Набрзо ќе се реконструира дел од ул „Стив Наумов“

Post Views: 3   Ќе се санираат оштетувањата на дел од патот ул „Стив Наумов“, најавуваат од општина Охрид. Во право се забелешките на граѓаните дека голем процент од трупот на патот е уништен и пропаднат признаваат од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Портпаролот Љупчо Танески, кажа дека нивните стручни тимови на терен ја увиделе лошата состојба и дека веќе преземаат мерки за надминување на проблемот. „За тековната 2017 година овој дел од ул „Стив Наумов“ е предвиден за реконструкција и санација, односно е во тендерот кој што неодамна е активен за крпење на ударни...

Continue reading

ОУ „Глигор Прличев“ го одбележува својот патронат

Post Views: 6   ОУ Глигор Прличев го одбележува својот патронат. Денеска наградените ученици и претставници на Локалната самоуправа, пред споменикот на поетот во дворот на училиштето, положија свежо цвеќе. Со тоа продолжуваат бројните пригодни манифестации кои се одржуваат во институциите кои го носат името на големиот охридски преродбеник. „Наставниците и учениците, сите заедно овој ден го чуствуваме како празник, прославувајќи го името на нашиот патрон, оддавајќи му почит. Сите ученици се ангажирани, за приредбата за игрите и за сите останати работи кои се потребни за да се одбележи...

Continue reading

Музејот Робевци ќе биде отворен пред летната сезона

Post Views: 9   Куќата на Робевци комплетно се обновува. Во еден од најрепрезентативните објекти на градската архитектура ќе бидат поставени нови изложбени поставки на трите ката од овој спомен дом. Како што пренесува директорката на Установата Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска во тек е санација и на ентериерот, таваниците, подовите, долапите и опшивите, а се конзервираа сите резбани премети и голем дел од етнолошката збирка со дрвени предмети. „Оваа година до почетокот на летната сезона комплетно ќе бидат завршени сите работи на ентериерот на Музејот на Робевци. Во тек...

Continue reading

Охриѓани најмногу претставки до народниот правобранител поднеле против правосудството

Post Views: 2   На почетокот на годината се сумираат резултатите од работата на Народниот правобранител во 2016 год. Секоја регионална канцеларија изработува годишен извештај кој се испраќа во Скопје. Даут Селими заменик правобранител за ТВМ открива дека, од Охрид, вкупно биле поднесени 62 предмети од кои решени биле 47 предмети. Засега само 8 предмети биле во корист на граѓаните а 7 биле во тек на реашавање. Селими информираше дека, најголем дел од претставките се од областа на правосудството и радиодифузните такси. Имало претставки и од областа на социјална заштита, пензиско-инвалидско...

Continue reading

Карали: Извршните постапки ги збунуваат граѓаните

Post Views: 0   Извршителите дури и кога по грешка наплатиле долг, должникот за да докаже дека е во право, повторно е изложен на судски трошоци. Не ретко се случува граѓаните на Охрид да укажаат на ваква појава. Адвокатот Александар Карали појаснува дека во текот на извршната постапка граѓаните се соочени со неколку ситуации кои ги збунуваат.  Најчесто тоа се случува во извршните дела на доверителите од ЈП, телефонските оператори, ЕВН, при поднесување на извршување кон должникот, должникот ја палтил својата обврска, но тоа го направил по утужувањето, додава Карали. Карали потенцира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top