Гоце Ангеличин Жура се најде во последното издание на Патримониум

Делата на Гоце Ангеличин Жура историчар на уметноста и археолог, откриваат дека во Охрид постои научник, кој се стекнува со светско реноме. Доказ за тоа е најновиот број на уникатниот зборник ”Патримониум” списанието за културно наследство, кое е посветено точно на нашиот Жура.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Светската едиција Патримониум, списание каде се сместени текстови од еминентните научници од цел свет, последното издание го посвети на нашиот историчар на уметноста и археолог Гоце Ангеличин Жура. Животниот опус на Жура крие безброј тајни за светиот град Охрид, дел од нив свое место најдоа во неговите досега издадени 16 дела. Најголемите умови од Цариград и светот биле на охридскиот престол, Охрид е уникатниот град во кој никој ништо не рушил ниту турците, пренесува Жура. Тој вели дека добро е што постојат луѓе во светот, кои следат, кој, што работи и пишува и ги препознаваат вистинските вредности.

„И јас се зачудив кога ми кажаа, можеби ќе делувам не скромно, пред 4-5 дена ми се јави една моја колешка универзитетска професорка и ми посочи на кој веб сајт да се видам. Ова ми дојде како голема радост, пријатно чуство добив и немав абер дека мене ќе ми припаден таа чест, да се види тоа „Во чест на Гоце Ангеличин Жура

Разговорот со Жура иако навидум претставува дека лесно може да се пренесе во еден новинарски прилог и текст, сепак сите детали кои ги открива Жура имаат своја тежина. Впечатокот е дека Жура по природа е скромен човек, но неговото знаење за древниот Охрид е непроценето и секоја негова реченица открива нова тајна. Тој посебно се осврна на промоцијата на неговата последна книга Патописците пишуваат за Охрид

„Ако е ова мала книга ама во неа има 800 години тежина. Оваа книга треба да ја има секој охриѓанец, секој туристички водич и да ја чуваат под перница како Оче наш и кога ќе ја отворат да ја читаат…зошто…да се восхитуваат што е да бидеш привилегиран охриѓанец. Вие не знаете што имаме овде 00:28 +00:40 Ние сме очевидци и современици на тоа: 2000 години од античкиот театар ние да доживееме да го видиме овде, 1000 години од возобновување на Св Климент и да влезиме во трет милениум, тоа не е случајно тое некоја Божја промисла“

Гоце Ангеличин Жура е петтиот историчар на уметноста на кој списанието Патримониум му оддава признание за неговите дела. Во ова списание се пишувало за д-р- Антоние Николовски, д-р-Димитар Ќорнаков, д-р Коста Балабанов и Јасмина Чокреска Филип, м-р.Јован Петров. Инаку како што и самиот Жура кажа, за ова признание имаат заслуга и неговата ќерка Гордана Ангеличин Жура, Горан Патчев и Љупчо Жупан.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top