ОУ „Глигор Прличев“ го одбележува својот патронат

Околу 300 ученици се вклучени во програмата за одбележување на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“. Денес во дворот на училиштето наградените ученици го ставија лавровиот венец на споменикот на големиот Прличев, одавајќи му почит.

 |  Николоска Биљана  | 

 

ОУ Глигор Прличев го одбележува својот патронат. Денеска наградените ученици и претставници на Локалната самоуправа, пред споменикот на поетот во дворот на училиштето, положија свежо цвеќе. Со тоа продолжуваат бројните пригодни манифестации кои се одржуваат во институциите кои го носат името на големиот охридски преродбеник.

„Наставниците и учениците, сите заедно овој ден го чуствуваме како празник, прославувајќи го името на нашиот патрон, оддавајќи му почит. Сите ученици се ангажирани, за приредбата за игрите и за сите останати работи кои се потребни за да се одбележи овој ден“

Ваквите настани секоја година на денот на одбележувањето, не потсетуваат на Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век, кој има голема заслуга за македнската литература и книжевност, истакна Ангел Јанев, заменик градоначалникот.

„Ова ни покажува дека треба да внимаваме на многу работи. Ја користам оваа прилика во мое име, општината, градоначалникот да го честитам денешниот ден на училиштето на директорката, вработените и учениците. Посакувам Григор Прличев како патрон да не се заборави секако преку кажувањата на историјата и кажувањата на наставниците“

Настаните по повод одбележувањето на 124 годишнината од смртта на Прличев ќе бидат збогатени и со продолжување на соработката со „ГЕТЕ“ Институтот од Германија, која е од големо значење како што нагласи директорката Мојсовска.

„Ние сме во трите училишта во Македонија во кои се изучува германскиот јазик од 1 до 5 то одделение“

Во училиштето беше поставена изложбата на ГЕТЕ Институтот, вечер следува потпишување на меморандумот за продолжување на соработката со овој германски институт и на крај свеченостите се заокружуваат со приредбата која ја подготвија учениците во ЦК „Григор Прличев“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top