Дупките на „Карпош Војвода“ останаа несанирани неколку месеци

Неколку месеци ул „Карпош Војвода“, во Охрид која важи за една од пофрекфентните улици во градов не е санирана. На повеќе места на трупот на патот има големи коловозни дупки. Возачите велат дека трпат штети од честите поправки на своите автомобили и бараат надлежните да посветат повеќе внимание на овој проблем со патната инфраструктура во градов.

 |  Николоска Биљана  | 

 

По обилните врнежи од дожд кои го зафатија нашиот град, возачите си имаат нова мака, а тоа се дупките кои секојдневно се отвараат. Но тоа не е нешто ново во Охрид. Речиси и да не постои улица односно труп на пат од каде не зјае по некоја дупка. Учесниците во сообраќајот, посебно возачите на моторни возила реагираат на ваквата состојба. Велат, плаќаме за одржување на патиштата и даноци и се останато, а дека не добивале адекватни услуги. Тие бараат поголема одговорност од надлежните.

„Катастрофални се патиштава, не само во Охрид, туку и во Струга, Ресен, Битола катастрофа е. Уредно плаќаме секакви давачки што државата ни ги бара за плаќање.

Треба да се санираат да не ги кршиме коливе. Нема никој ништо превземено, сметам дека треба да се санираат дупкиве, навистина ги оштетивме возилата, треба да се направи нешто“

 

„Се разбира дека треба да се поправат како може да е вака….секаде треба да се контролира каде има недостаток да се исполни да се дотера“

Санирањето на ударните дупки е грижа на градот и за таа намена се прави програма, која ја усвојува советот и се задолжуваат надлежните од Секторот за комунални дејности за нејзино спроведување.

А од Секторот за комунални дејности при општина Охрид денес не дадоа одговор, дали и кога планираат да ги санираат бројните коловозни дупки кои речиси ги има на секоја градска улица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top