Во Охрид се отвори првиот приватен психолошки центар

Секој човек има потреба од подобрување на менталното здравје. Во Охрид отпочна со работа првиот психолошки центар Солушан, место каде може да се добијат совети за сите психолошки проблеми кои стануваат се побројни поради брзиот и современ начин на живот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Советодавни и консултански услуги од применета психологија, во Охрид. Неодамна отпочна со работа првиот приватен психолошки центар Солушн. Психолошко советување, психотерапија, психодијагностика, едукативна програма за интелектуален и креативен развој на деца, како и оддел за едукација, семинари, обуки и работилници, се само дел од акривностите со кои се занимава овој центар. Целта е да се помогне во подобрување на менталното здравје кај човекот, вели дипломираниот психолог Ратко Раткушиноски.

„Потребата за подобрување на менталното здравје лежи кај секој човек. Брзиот начин на живот, налага што повеќе време да посветиме на самите себе си. За жал тоа време за себе си е се повеќе скратено и луѓето често имаат потреба да се обратат на ваквите места“.

Најранлива категорија за жал се децата, поради тоа што премногу време посветуваат пред компјутер, телевизор, таблетите, пренесува Раткушиноски. Додава дека во денешно време има доста психолошки потешкотии кои го тиштат човекот како што е анексиозноста, паничните напади, проблемите со кои се соочуваат децата, а се тоа е последица на современиот начин на живот.

„Се намали комуникацијата….. и децата се повеќе и повеќе се среќаваат со некој проблеми, како што е задоцнет говор, агресивност, хиеперактивност, тоа се проблемите од областа на психологијата и психолошкиот живот на човекот. Штом еден човек дошол да побара помош, тргнуваме со претпоставка дека тој ќе кажи кој е проблемот што се јавува кај него, за дел од проблемите не се ни свесни индивидуите дека ги имаат но со самата работа се освестуваат, а тоа е и целта на едно психолошко советување, човекот да стане свесен за она што го поседува она што го има“.

Раткушиноски смета дека во денешно време се погласно се зборува за потребата од психолошки совети. Тој смета дека табуата околу оваа проблематика полека ама сигурно се надминуваат и луѓето едноставно имаат потреба само да се искажат, да бидат сослушани.
Според него професијата психолог во општеството, посебно во Македонија, се повеќе и повеќе добива на значење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top