Автор: Николоска Биљана

Фекалната канализација проблем во центарот на Охрид

Post Views: 8 Фекалната канализација повторно создава проблеми во градот. Денес, кај некогашниот ресторан Ориент, во близина на чинарот, се ширеше неподнослива реа од шахта која се прелеваше. Не е ништо ново, од канализационите шахти, посебно во градската чаршија, да се шири непријатна миризба, негодуваа минувачите кои ја заобиколуваа шахтата бидејќи околу неа имаше прелеано поголема количина фекална вода. Директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев, информира дека уште утрово граѓани го пријавиле дефектот, но нивната екипа не можела да интервенира навреме бидејќи во непосредна близина...

Continue reading

Охридските пензионери денес славеа

Post Views: 8 Охридските пензионери денес одбележаа значаен јубилеј, 65 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца. Како што нагласи претседателот на ИО Ѓорги Трпчески, работата на здружението посебно дишла до израз после осамостојувањето на нашата земја, бидејќи презеле многу повеќе активности. Трпчески смета дека здружението значи нешто во охридскиот регион и треба повеќе да им се отстапи простор на локално ниво. „Тоа е во интерес на здружението, општината а и пошироко во земјава. Навистина сме едно почитувано здружение како што кажа претседателот. Постигнуваме резултати и на културен...

Continue reading

„Здравје за сите“ во Охрид

Post Views: 6 Акцијата за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните во рамки на програмата „Здравје за сите“, на Министерството за здравство, почна пред два дена и ќе се спроведува до крајот на месецов, во сите здравствени домови или на фрекфентни места во градовите ширум Републиката. Денес ваква акција се спроведе и на плоштадот Крушевска Република кај чинарот во Охрид. Медицинската екипа која беше задолжена од 08 до 11 часот да мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и да дава бесплатни совети на граѓаните при топлотен бран, задоволна од одзивот. „Од сабајлево...

Continue reading

При крај изградбата на кружниот тек на влезот во Охрид

Post Views: 1 Два дена нема работници и механизација на новото кружно решение кое Локалната самоуправа го гради на пресекот на ул „Бистрица“ со бул. „Туристичка“. Ова укажување доаѓа од мештаните на овој потег кои се обратија до нашиот медиум. Тие исто така се загрижени дали на овој потег ќе се направат и тротоарите бидејќи во ваква состојба пешаците како учесници во сообраќајот се принудени да се движат по коловзот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој улици и патишта вели дека граѓаните можеби се нетрпеливи па оттука и нивниот револт е оправдан но работите на терен нормално...

Continue reading

Се уништуваат електричните столбови од јавното осветлување

Post Views: 5 Столбови од уличното осветлување на ул.АСНОМ, Карпош Војвода и др.места во градов неколку дена стојат со отворени капаци во делот каде што се спојуваат каблите од напојувањето. Опасноста е очигледна. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој вели дека ваквата состојба не е нешто ново. За тоа имале и дојава од граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и нивните служби кои се грижат за јавното осветлување ја увиделе состојбата на терен. „Во изминатиов период сведоци сме на немили настани на уништување на определен број на реквизитите кои служат за јавното осветлување....

Continue reading

Променливото време ја наполни Итната медицинска помош во Охрид

Post Views: 1 Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени симптоми...

Continue reading

Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде

Post Views: 0 Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена. „Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор,  Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави Димоски. Инаку...

Continue reading

Годишнините од матура повод за обновување на пријателства

Post Views: 4 Годишнините од матура се прекрасен повод за обновување на пријателства и присетување на спомените од средношколските денови. Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата. Еден таков повод синоќа регистираше камерата на Телевизија ТВМ, јубилејни 25 години на матурантите од генерација 1990. Марија Зимбова,која речиси секои 5 години несебично се вложува да ги собере на едно место некогашните другари од школските клупи,  вели дека ни малку не е лесно да се организираат ваквите годишнини. „Подготовките започнаа...

Continue reading

Субвенции за уште 100 охридски семејства

Post Views: 1   Олеснување преку субвенционирање на комуналните такси за уште 100 охридски семејства. Советот на општина Охрид донесе oдлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за семејства со лице кое боледува од тешка болест или некој вид хендикеп. Како што информираше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, новата одлука немала посебни ограничувања како што тоа било досега, семејствата да не остваруваат приход поголем од 105 600 денари. „Со оваа одлука главен услов за добивање субвенции ќе биде хендикепот на лицето во семејството кое...

Continue reading

Убиство и обид за убиство во Кичево

Post Views: 1 Четириесет и двегодишниот А.С. од кичевското село Другово, со нож го убил неговиот брат Арун С. (46), а потоа се обидел да ја убие и неговата сопруга. Осомничениот е приведен и како што информираат до СВР Охрид против него поднесена е кривична пријава за убиство на братот и за обид за убиство на снаата. „Тој вчера околу 16 часот на градскиот плоштад во Кичево го забележал неговиот повозрасен брат и неговата сопруга и им пришол од зад грб извадил нож  и на својот брат му задал повеќе убоди во пределот на вратот и лицето, додека неговата сопруга тешко ја повредил во пределот...

Continue reading

Потпишан договор за изградба на Дом за стари лица

Post Views: 5 Конечно, долго најавуваниот проект, Домот за стари лица во Охрид, почнува со реализација.  Градоначалникот Никола Бакрачески и менаџерите на АД „Илинден“ од Струга денеска и официјално потпишаа договор за купопродажба на земјиште, градежна парцела во населбата „Далјан“ на која треба да се гради современиот објект, Домот за стари лица. Бакрачески истакна дека еден ваков објект години наназад претставуваше насушна потреба на општината. „Несомнено ќе ги пресретне очекувањата на сите граѓани на Охрид а пред се на постарата популација на луѓе кој што од разни причини не...

Continue reading

Преспанското Езеро има голема заштита на рибниот фонд

Post Views: 9 Годинава 5 милиони денари буџетски средства ќе бидат наменети за заштита на рибниот фонд на Преспанското Езеро. Речиси една година овој ревир е издаден под концесија со цел да се зашти еко системот на езерото посебно на преспанската белвица за време на нејзиниот мрест од мај до јунни месец. Овие средства ќе ги користи концесионерот на езерото и неговиот слив, како што изјави Јован Бојчовски државниот инспектор. Од самото доделување на рибниот фонд на концесија државниот инспекторат за земјоделство е во постојан надзор на Преспанско Езеро и постојано го следи риболовот,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top