Потпишан договор за изградба на Дом за стари лица

Проектот за изградба на современ Дом за стари лица во Охрид конечно стигна до реализација. Денес во Локалната самоуправа на општина Охрид, АД „Илинден “ од Струга и официјално потпиша договор со локалната власт за изградба на еден ваков објект. Сопствениците на градежната компанија најавија дека Домот за стари лица ќе го подигнат пред предвидениот рок од 4 години.

 |  Николоска Биљана  | 

Конечно, долго најавуваниот проект, Домот за стари лица во Охрид, почнува со реализација.  Градоначалникот Никола Бакрачески и менаџерите на АД „Илинден“ од Струга денеска и официјално потпишаа договор за купопродажба на земјиште, градежна парцела во населбата „Далјан“ на која треба да се гради современиот објект, Домот за стари лица. Бакрачески истакна дека еден ваков објект години наназад претставуваше насушна потреба на општината.

„Несомнено ќе ги пресретне очекувањата на сите граѓани на Охрид а пред се на постарата популација на луѓе кој што од разни причини не можат да се гриижат за себе или од други причини семејството не може да ја преземе одговорноста за нивна грежа. Со тоа во голема мерка ќе се подобри и квалитетот на живеење на овие луѓе кој што во иднина ќе ги користат услугите на Домот за стари лица“ – изјави Бакрачески.

Сопственичката на  АД „Илинден“ Кристина Трајкоска Костеска најави дека максимално ќе се ангажираат во најкус можен рок да ја обезбедат потребна документација за изградба на Дом за стари лица во Охрид.

„Се надеваме дека објектот што ќе го изградиме ќе ги задоволи очекувањата на граѓаните на Охрид, а и пошироко, бидејќи Домот за стари лица ќе биде од интерес на граѓаните од западниот регион на Македонија а тоа е од големо значење на градот Охрид. Заедно со општината ќе вложиме напори одобрението да биде издадено во покус рок од предвидениот и објектот да го изградиме порано од предвидениот рок “– нагласува Костeска.

Градежната парцела за изградба на Дом за стари лица е со вкупна површина од 8.425 метри квадратни. АД Илинден на општина Охрид за земјиштето веќе и исплатило 12 907 100 ден. Од постигнатиот износ по продажбата 80% останува за општина Охрид а другите 20% за Министерството за транспорт и врски. Одбраниот понудувач, согласно одредбите од Договорот за купопродажба, е обврзан во рок од две до четири години да го изгради предвидениот Дом за стари лица. Објектот е предвидено да има приземје, четири ката и поткровје.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top