Охридските пензионери денес славеа

Значаен јубилеј 65 години од постоњето, денес одбележаа охридските пензионери. По тој повод тие во големата општинаска сала одржаа пригодна свеченост, со богата програма. На свеченста присуствуваа гости од  Србија и Бугарија како и гости од ЗП на соседна Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридските пензионери денес одбележаа значаен јубилеј, 65 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца. Како што нагласи претседателот на ИО Ѓорги Трпчески, работата на здружението посебно дишла до израз после осамостојувањето на нашата земја, бидејќи презеле многу повеќе активности. Трпчески смета дека здружението значи нешто во охридскиот регион и треба повеќе да им се отстапи простор на локално ниво.

„Тоа е во интерес на здружението, општината а и пошироко во земјава. Навистина сме едно почитувано здружение како што кажа претседателот. Постигнуваме резултати и на културен и спортски план се надеваме оваа година и малку подалеку, очекуваме едно известување од претседателот ако успееме и тоа навистина нашево здружение добро ќе ја претстави и земјава“ – истакна Трпчески.

Денес сме сведоци на еден празничен настан и нашите стари да ни живеат што подолго, истакна заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој додаде дека дека бројката од 9 000 пензионери значи многу и не треба да се занемарува.

„Пред една и пол година ние потпишавме Меморандум за соработка помеѓу општината и здружението пензионери, во кој покажаа и докажаа дека малку бараат а многу даваат на градот Охрид со нивните активности. Јас се надевам дека тоа ќе продолжи во наредниот период“– вели Јанев

На јубилејното одбележување 65 години од постоењето на ЗП, присутни беа и гости од соседните земји. Претседателката на ЗП од Врање, Србија вели дека со охридското здружение имаат беспрекорна соработка, која постои долги години и никој не може да ја раскине.

„Граници колку и да се и поставени таму каде што се поставуваат, во душата граница нема. Јас кажав, ние сме браќа и сестри и остануваме посебно со Србија и Македонија нема сила која може да не одвои. Било која граница да се постави ние ќе ја срушиме и секогаш ќе бидеме заедно.“

Пригодната свеченост беше збогатена со настап на драмско литературната секција при ЗП Охрид и Дебрца под раководство на учителката во пензија Ристана Меруџеска Мојсоска. Исто така беа врачени Плакети и Благодарници на органзиации и институции, за особен придонес во развојот и соработката со здружението. Беше промовирана и втората Монографија на ЗП Охрид и Дебрца „Охридските пензионери низ времето, културата, спортот, рекреација“, од Ѓорги Трпчески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top