„Здравје за сите“ во Охрид

Околу стотина граѓани на Охрид, но и холандски туристи, на плоштадот Крушевска Република, го измерија крвниот притисок, нивото на шеќер и холестерол во крвта. Медицинските тимови велат дека се задоволни од одзивот на граѓаните.

 |  Николоска Биљана  | 

Акцијата за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните во рамки на програмата „Здравје за сите“, на Министерството за здравство, почна пред два дена и ќе се спроведува до крајот на месецов, во сите здравствени домови или на фрекфентни места во градовите ширум Републиката. Денес ваква акција се спроведе и на плоштадот Крушевска Република кај чинарот во Охрид. Медицинската екипа која беше задолжена од 08 до 11 часот да мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и да дава бесплатни совети на граѓаните при топлотен бран, задоволна од одзивот.

„Од сабајлево имаше многу голем интерес, започнавме навреме. Доаѓаме од ЈЗУ Здравствен дом Охрид, вршиме превентивни прегледи и даваме совети во случај да зафати топлотен бран“– вели д-р Пецо Настоски.

И во оваа акција пациентите беа од повозрасната категорија на граѓани, но на преглед седнуваа и холандските туристи, кои можеби јазикот не го разбираа, но единиците  ги разбраа единиците на мерните инструменти. Д-р. Настоски нагласи дека кај одредени граѓани имало потреба од медицинска интервенција.

„Имаше кај одредени пациенти два три пациенти каде што дадовме и терапија бидејќи притисокот им беше висок“- вели д-р Настоски.

Инаку, целта на акцијата која секоја година се спроведува во пресрет на летниот период и престојните високи температури е да се подигне свеста кај граѓаните, без оглед на возраста, за континуирана грижа за своето здравје и вршење навремени превентивни прегледи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top