Се е подготвено за празникот Богојавление Водици. И покрај пандемијата, се очекува голем број верници да го следат осветувањето на водите на Охридското езеро. Од општината и Дебарско-кичевската епархија апелираат посетителите и капачите да ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот.
Неконтролираното фрлање на градежен шут се` почесто создава проблеми во тековното работење на Ј.П.„Охридски Комуналец„. Граѓанската неодговорност во овој поглед е видлива на многу локации во градот и околината.
Возило марка „Мерцедес“ се преврте вечерва на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.
Општина Охрид заедно со Друштвото за производство трговија и услуги О3 Инвест Скопје, го организира првиот Саемот за Вработување и Пазар на Идеи, кој ќе се одржи на 5 октомври во период од 12 до 15 часот, во непосредна близина на ТЦ АМАМ.
Додека се чекаат официјалните бројки и статистички показатели за тоа каква сезона имавме, впечатокот на угостителите е дека летово поминале подобро од лани. Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се работи на продолжување на сезоната и привлекување гости со подлабок џеб.
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид. Исчитен е каналот на реката Грашница на пресекот со улиците Туристичка и Железничка. Мапирани се сите критични точки кои предизвикаа штети на граѓаните, а чистењето треба да заврши до крај на октомври.
Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет
Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба – 2018“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град