Швајцарската авиокомпанија „Edelweiss“ објави дека од 6-ти април годинава ќе лета два пати неделно на линијата Цирих-Охрид и обратно.
“Во пренатрупана сала вратата за излез е мала”
Голем број студенти денеска напладне се собраа пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде тргнаа на Студентскиот марш со кој бараат властите да се откажат од идејата за воведување екстерното тестирање на универзитетите.
Во рамките на Еразмус плус- програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наставници и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, три недели престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Campanile. Беа вклучени тројца професори и деветнаесет ученици од угостителско-туристичката струка.
Од Општина Струга известуваат дека утре (среда),16.04 со почеток во 11 часот, во службена посета на Општина Струга ќе присуствува Амбасадорката на Федеративната Република на Германија Гурдун Штајнакер.
Веќе една недела на диво се гради минаре без градежна дозвола, без статички проект на диво, обвинија денеска од Здружението на граѓани Совест. Тие две години бараат да се стопира проектот и да се преиспита одлуката за изградбата на 32 метри високото минаре на Али пашината џамија во охридската чаршија, кое ќе ја наруши визурата на градот.
Украинскиот боксер Владимир Кличко ќе ја брани титулата во тешка категорија во мај против малку познатиот Италијанец Франческо Пјанета.
Огромен куп со ѓубре стои повеќе од месец дена на улицата Радојца Новичиќ во Охрид. Жителите за „Ти си твојот град“ велат дека пријавиле до надлежното Јавно претпријатие, но тие сеуште не го собрале ѓубрето.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град