Делегација на Општина Охрид, предводена од в.д. градоначалник, Константин Георгиески, денес присуствуваше во ОУ “Христо Узунов“, каде со историски час и полагање на свежо цвеќе пред бистата на револуционерот, започна годинашното одбележување на 114 годишнината од херојската погибија на охридскиот револуционер.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека со Министерството за образование и наука бил договорен нов модел на екстерно тестирање по мерка на наставниците, кој ќе се примени откако ќе се корегира и надгради постоечкиот, преку забелешките и предлозите на самите наставници и Синдикатот.
Овој таканаречен „Систем за просторни информации и планирање“ ќе им овозможи на локалните самоуправи, еколошките друштва, ловните федерации и туристичките чинители од регионов, да го подобрат квалитетот на услугите, а со тоа да овозможат подобар економски и социјален развој на овој регион.
Струга од 13 – 16 ти август ќе живее во знакот на ракометот. На Меѓународниот ракометен турнир учество ќе земат 7 екипи. Организаторите ветуваат интересни натпревари, обезбедија максимални услови на отворениот терен на „Женска плажа“ и очекуваат како и секогаш голема поддршка од струшката публика.
Засега проверките на вакциналните служби покажуваат дека многу мал е бројот на невакцинирани основци до 14 години. Разговорите на стручните лица со родителите даваат резултати во зголемување на процентот на имунизација на децата во општина Охрид.
Чешкиот тенисер, Лукаш Росол ја освои својата прва АТП титула во кариерата.
„Продолжуваме посветено на процесот за конечно раздолжување на општината согласно сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња“, порача денеска Милена Грозданоска, кандидатката за советник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Грозданоска најави стратегија за доопремување на јавните претпријатија со цел да се овозможат поквалитетни и побрзи услуги за граѓаните.
Преку сеопфатната долгогодишна стратегија изготвена од врвни експерти од Факултетот за туризам и угостителство цврсто сме решени да направиме Охрид да биде конкурентен во 21 век, потенцира Милошевски.
Вечерва во Рим со мечот меѓу Турција и Италија започнува Европското фудбалско првенство на кое во недела ќе дебитира Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град