Грозданоска : Продолжуваме посветено на процесот за раздолжување на општината

„Продолжуваме посветено на процесот за конечно раздолжување на општината согласно сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња“, порача денеска Милена Грозданоска, кандидатката за советник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Грозданоска најави стратегија за доопремување на јавните претпријатија со цел да се овозможат поквалитетни и побрзи услуги за граѓаните.

 |   | 

„Враќањето на финансиската стабилност беше еден од најважните приоритети на оваа локална власт“, кажа денеска на прес конференција, Милена Грозданоска кандидатка за советник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Грозданоска посочи дека со владина поддршка, преку одговорно и домаќинско работење за две години долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. „Продолжуваме посветено на овој процес кој ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња“, порача Грозданоска.

Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше околу 1,6 милијарди денари, а денес изнесува околу 295 милиони денари. Веќе е започната постапка преку која општината ќе го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг и од која, врз основа на извршни решенија секојдневно се генерираат нови обврски за подмирување. Со оваа постапка ќе овозможиме одблокирање на сметката на општината, која е блокирана околу 16 години – истакна Грозданоска.

Грозданоска се задржа и на функционирањето на јавните претпријатија, напоменувајќи дека за нивно квалитетно, функционално и домаќинско работење и во иднина ќе продолжат да креираат стратегија за соодветно доопремување со цел да се овозможат поквалитетни и побрзи услуги за граѓаните.

Го продолжуваме започнатиот процес на набавка на сите потребни градежни машини и опрема за работниците. Воведуваме нов дигитален систем за контрола и пријавување на дефекти на водоводната и фекалната мрежа, како и други инфраструктурни проблеми. Ќе воведеме нови и посовремени практики на планирање на работните активности и дополнителни нови содржини во програмите за работа – додаде Грозданоска.

Кандидатката за советник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Грозданоска, најави воспоставување квалитетен менаџмент на јавните препријатија врз основа на систем на успешност и капацитети, како и дополнително мотивирање и обуки на вработените за подобри резултати во работењето.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top