Штрајкот во прекин, договорен нов модел на екстерно тестирање

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека со Министерството за образование и наука бил договорен нов модел на екстерно тестирање по мерка на наставниците, кој ќе се примени откако ќе се корегира и надгради постоечкиот, преку забелешките и предлозите на самите наставници и Синдикатот.

logo
лого

основциПретседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека со Министерството за образование и наука бил договорен нов модел на екстерно тестирање по мерка на наставниците, кој ќе се примени откако ќе се корегира и надгради постоечкиот, преку забелешките и предлозите на самите наставници и Синдикатот.

Преговорите што неколку дена се водеа меѓу СОНК и МОН, резултираат со Спогодба со која е договорено да се одложи примената на казни и наградувања на наставниците во проектот екстерно тестирање. Што се однесува до барањето за покачување на платите, Неделков вели се уште е отворено прашање за кое ќе се водат дополнителни разговори.

– Ќе бараме во разговорите да се вклучи и Министерството за финансии за да се скенираат платите во јавен сектор и да видиме колкави се висините по работни места и образование. Се со цел да бидат усогласени со сите работни места по степен на образование и сложеност на работа. Во ова одлучување ќе бидат земени во предвид и модели за платни разлики низ Европа – посочува Неделков.

uceniciСпогодбата меѓу МОН и СОНК, инаку, излезе изненадно вечерта пред првиот протест на просветарите низ Македонија. До тогаш јавноста воопшто не беше ни запознаена дека се водат некакви разговори меѓу двете тела. Од СОНК велат дека тоа била тактика со цел да не се намали моралот кај членството, во случај разговорите да не вродат со плод. Интензивните преговори, велат од таму, се воделе последните три дена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top