Многу мал е бројот на родителите кои одбиваат вакцинација на децат .Од вакциналната служба сега имаат целосен увид за состојбите со вакцинациите проив морбили за децата од 1 до 9- то одделение.
Настанот се одржа во ОУ „ Братство Единство“ во Лескајца каде што се зборуваше за значењето на пчелата. Беа упатени пораки да се негуваат човечките вредности и да се почитува природата.
Доцни тендерската постапка за избор на превозник на средношколци на подрачјето на општина Струга. Од тоа најмногу се засегнати родителите на учениците во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, бидејќи неколку дена сами си го плаќаат превозот. Директорите смируваат и велат дека проблемот најдоцна до понеделник ќе биде решен.
Денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори, спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.
Македонскиот карате-репрезентативец Берат Јакупи постигна голем успех на 48. Европско првенство (ЕП), што вчера заврши во Будимпешта, Унгарија, откако во категоријата борби (до 84 кг) го освои бронзениот медал.
Во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, денеска е прегазен пешак. Пешакот бил прегазен пред мостот „Гоце Делчев“, во близина на пешачкиот премин, по што починал на самото место. Според првичните информации, во пешакот удрил автомобил во движење.
Од денес во старата зграда на охридскиот пазар е отворена канцеларијата за комуникација со граѓаните на пратеничката Жаклина Лазареска.
Честитка до просветните работници по повод меѓународниот ден на учителот, но и критика до власта за состојбите во образованието, на денешната прес конференција упати кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, Перчо Божиновски. Тој од програмата “Гарантираме“ најави инвестиции во образованието.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град