• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Божиновски: Гарантираме изградба на ново основно училиште, се обврзуваме на изградба на спортска сала во Лескоец

Божиновски: Гарантираме изградба на ново основно училиште, се обврзуваме на изградба на спортска сала во Лескоец

Честитка до просветните работници по повод меѓународниот ден на учителот, но и критика до власта за состојбите во образованието, на денешната прес конференција упати кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, Перчо Божиновски. Тој од програмата “Гарантираме“ најави инвестиции во образованието.

 |   | 

„Просветните работници се мотивирачка сила, заедничка гордост, херои на ова време“, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија и упати честитка до своите колеги по повод 5-ти октомври, Меѓународниот ден на учителот. Божиновски воедно упати критика до власта и најави проекти за поквалитетно образование.

Најблагородната професија учител е исправена пред големи предизвици затоа што со последните неуспеси во образованието наставниците стануваат жртви на неуспешните реформи. Затоа ГАРАНТИРАМЕ мерки и проекти во насока на модернизирање на образованието. Нашиот фокус е вложување во квалитетно образование приспособено за потребите на пазарот на трудот – кажа Божиновски.

Божиновски најави континуирани инвестиции во образованието, осовременувањето на методологијата и наставните помагала за модерно и современо образование за сите млади.

Гарантираме ИЗГРАДБА НА НОВО МОДЕРНО И СОВРЕМЕНО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ обезбедено со дидактички, нагледни средства и техничка опрема потребни за реализација на модерна и квалитетна настава со цел унапредување на воспитно-образовниот процес. Училиште по сите стандарди и нормативи и настава во една смена. Се обврзуваме на изградба на УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ во Лескоец за потребите на жителите, за здравиот развој на младите, вистинска придобивка за спортските клубови – наброја Божиновски.

Помеѓу проектите Божиновски напомена и доделување стипендии за најдобрите ученици и студенти со цел нивна мотивација и поддршка, како и отворање реални компании во средните стручни училишта. „Да бидеме двигатели на убавото, позитивното и доброто кај човекот. Ние тој човек го градиме, учествуваме во создавањето на општеството и создаваме нова и светла иднина“, порача Божиновски и ги повика охриѓани да гласаат за Кирил Пецаков и ВМРО-ДМНЕ и Коалиција за „Обнова на Македонија“ со заокружување на бројот 7.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top