ЈП „Билјанини извори” ја известува јавноста дека започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг, уврдена со одлука на Советот на Општина Охрид број 08-8533/26 од 10.06 2019 година.
Центарот на Заедницата на Општина Струга организира панел дискусија на 26 Декември 2014 година (Петок) во 14:00 во Арт Кафе – Струга со тема: „Кај ни е мостот?!“
Во рамките на финансиските можности се решаваат проблемите кои ги загадуваат езерските води како што беше деновиве долгогодишниот проблем кај Грашница. Локалната самоуправа за прв пат постапи по решението на Државниот инспекторат и постави табли за забрането капење. Конечното решавање на критичните точки се очекува од октомври кога ќе профункционира државното претпријатие за колекторски систем.
Уште едно големо изненадување на Евробаскет 2013, а можеби и не…затоа што веќе стана секојдневие да се случуваат чудни работи.
„Вечерва завршуваме со ветувањата, од утре почнуваме со реализација. Имаме многу работа да ја вратиме довербата на граѓаните. Сите што се подготвени на посветено и чесно работење во интерес на граѓаните се добредојдени во мојот тим“, кажа новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вчерашната прес конференција.
Вечерва во центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, Загрепски младински театар, Хрватска ќе ја донесе претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец.
Во изминатиот период власта на СДСМ на централно и локално ниво направи многу за заштита на Охридското езеро и животната средина со реконструкцијата на Колекторскиот систем, санација на најкритичните делови и формирањето ново државно јавно претпријатие „Колекторски систем“, кажа кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Во текот на престојниот мандат приоритени проекти се изградбата на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, вети Георгиески.
Од денес започна да функционира новиот систем за електронско евидентирење на движењето на моторните возила во Стариот дел од градот, кој е прилично изменет во однос на ланскиот. Останува да видиме како ќе се спроведува и дали конечно ова лето стариот дел на градот ќе се растерети од прекумерен сообраќај кој создаваше метеж и нервози.
Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град