• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Репрезентацијата на Финска го заврши Европското првенство во кошарка со победа

Репрезентацијата на Финска го заврши Европското првенство во кошарка со победа

Уште едно големо изненадување на Евробаскет 2013, а можеби и не…затоа што веќе стана секојдневие да се случуваат чудни работи.

 |  Голабовски Крсте  | 
kosharka
кошарка

Репрезентацијата на Финска, која е убедливо најслабата во групата, успеа да ја совлада Словенија со убедливи 92-76. Дури и во ситуација кога овој меч не им значеше ништо, Словенците сепак мораа да одиграат за својот рејтинг.

Божидар Маљковиќ го почна мечот со својата најсилна петорка, но, сепак, Финска поведе со 9-0. Сепак, брзо работите дојдоа на свое место, барем во овој прв дел од дуелот, па Словенците израмнија на 11-11, а потоа и ја комплетираа првата четвртина со предност од 26-22. Но, Финците се служеа со своето најдобро оружје, ударот за три поени и беа успешни. Го добија вториот период со 20-16 и на одмор се замина со нерешен резултат, 42-42

А, тогаш дојде неочекуваниот дел од мечот. Финска разиграна, а Словенија, која е многу поквалитетна, па и домаќин на Евробаскет 2013, што значи дека игра на домашен терен и има поддршка од гледачите, делува очајно на паркетот. Финците направија неверојатна серија од 20-3, а третата четвртина ја добија со 15 поени разлика (29-14)

kosharkaСловенците се заканија на стартот од последниот период, намалија на девет негатива, меѓутоа сo оглед дека овој меч ништо не им значеше, сепак, не се потрудија да направат пресврт. Така, на крајот Финска успеа да го совлада домаќинот на Евробаскет со 92-76.

На Европското првенство во кошарка познати се четврт-финалните двојки.

Со одигрувањето на натпреварите од третото коло во Ф групата заврши вториот круг од натпреварите на Европскиот шампионат во Словенија.

Домаќинот на турнирот во последниот натпревар загуби од Финска со 92:76 и на крајот го освои второто место во групата.

Европскиот првак, Шпанија доживеа пораз од 86:81 во дуелот со Италија.

На стартот од денот Хрватска славеше над Грција со 92:88.

Евробаскет 2013 – четвртфинале:

18.09.2013
17:30 часот Србија – Шпанија
21:00 часот Словенија – Франција

19.09.2013
17:30 часот Хрватска – Украина
21:00 часот Литванија – Италија

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top