• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески : Со реконструкцијата на колекторскиот систем решаваме сложен и сериозен проблем

Георгиески : Со реконструкцијата на колекторскиот систем решаваме сложен и сериозен проблем

Во изминатиот период власта на СДСМ на централно и локално ниво направи многу за заштита на Охридското езеро и животната средина со реконструкцијата на Колекторскиот систем, санација на најкритичните делови и формирањето ново државно јавно претпријатие „Колекторски систем“, кажа кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Во текот на престојниот мандат приоритени проекти се изградбата на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, вети Георгиески.

 |   | 

Благодарение на посветеноста на централната и локалната власт предводена од СДСМ, нашиот скапоцен бисер Охридското Езеро ја доби потребната грижа, која години наназад му беше ускратена, кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Со отпочнувањето на реконструкцијата на Колекторскиот систем, санација на најкритичните делови и формирањето ново државно јавно претпријатие „Колекторски систем“ решаваме сложен и сериозен проблем, кој беше еден од нашите најважни приоритети, посочи Георгиески.

Како локална власт бевме дел од целокупниот процес на формирањето на новото јавно препријатие и поделбата на МЈП „Проаква“, со што се решија долгогодишните проблеми со натрупаните милионски долгови, кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата  истакна Георгиески.

Со цел да продолжи заштитата на животната средина и на езерото, во текот на престојниот мандат, Гергиески вети вложување максимални напори за искористување на странските фондови за финансирање на проекти и поголема искористеност на донаторските средства за подобрување на инфраструктурата за заштита на животната средина.

Приоритетни проекти во планот за реализација се изградбата на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман. Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Во Охрид е инвестирано како никогаш досега. Таа силна динамика мора да продолжи – кажа Георгиески.

Имаме јасна визија и конкретен план за сите сфери на општественото живеење. Никој не смее да ги кочи проектите, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашите граѓани, кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Најдоброто за мојата општина.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top