Пожарот што вчера избувна во близина на Марсеј се придвижува кон периферијата на градот од југоисток.
Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгорел во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, објави Експрес.мк.
Мора да се заострат еколошките критериуми при увозот на пловила, кажува капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Капетанија работи на усогласување на нашата законска регулатива за внатрешна пловидба со европските закони.
Израелско-палестински мир е можен доколку се исполнат пет услови, меѓу кои се и признавањето на Израел и престанокот на сите побарувања од Израел, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Уште еден чекор нѐ дели од она за кое сите се трудиме, за подобар Охрид, изјави денеска кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој се заблагодари на охриѓани за поддршката во првиот круг од изборите и заедно со претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид и носител на советничката листа Сашо Донев најавија поголема победа во втор круг.
Вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, денес градоначалник Константин Георгиески му подари на првото бебе кое се роди во Охрид во новата година. Ако машкото дете е синоним за бериќет, првото бебе во Охрид ни најави плодна и среќна година.
Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година. Студеното време не ги спречи да се забавуваат на музиката која ја изведуваа охридски музичари. Круна на вечерта беше новогодишниот огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град