Никој не го сака Пато

Пато не ги решил проблемите

 |  инфодеск  | 

Со преоѓањето од Коринтијанс во Сао Паоло, Алесандре Пато мислел дека ги решил проблемите, но сепак не е така. Откако стана непожелен меѓу навивачите на Коринтијанс, пред да заигра за новиот клуб се огласија и навивачите на Сао Паоло.

Тие протестираа поради неговото доаѓање затоа што претходно играл за градскиот ривал.

“Тоа е, очигледно, проблем со кој мораме да се соочиме и да се носиме со него. Секој играч мора да се чувствува добродојден во клубот, а ако не е така тогаш ситуацијата се компликува” рекол тренерот на Сао Паоло Муриси Рамаљо за клупската интернет страница.

Ова е втор пат Пато да се најде во ваква ситуација бидејќи и минатиот викенд група од 100 навивачи на Коринтијанс упаднале во клупскиот тренинг центар незадоволни поради игрите и резултатите на екипата, а фудбалерите избегале од теренот.

Коринтијанс во јануари го донесе Пато од италијанскиот Милан за сума од 15 милиони евра. Минатата година одигра 57 натпревари и постигна 17 голови.

Неговите игри, меѓутоа, не беа доволни како би го сочувал местото во екипата и оваа година, па управата на клубот одлучи да го позајми Пато на Сао Паоло.

Во спротивен смер, во Коринтијанс од Сао Паоло отиде некогашниот играч на Шахтјор Жадсон, но бившиот клуб и понатаму ќе му плаќа дел од заработката. 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top