Беснее пожарот во Марсеј

Пожарот што вчера избувна во близина на Марсеј се придвижува кон периферијата на градот од југоисток.

 |  Крсте Голабовски  | 
pozar
пожар

Пожарот што вчера избувна во близина на Марсеј се придвижува кон периферијата на градот од југоисток. Пожарот изгоре околу илјада хектари шуми и создава реална опасност за населените квартови во средоземноморското пристаниште.

pozarПолицијата и противпожарните служби евакуираа над 400 лица од двата најсилно засегнати реони. Засега нема човечки жртви.

Со настапувањето на ноќта авионите, кои беа вклучени во борбата против катастрофата, ги прекинаа летовите и пожарот се уште не е совладан, изјавија претставници на противпожарните служби.
Во дејствијата за гаснење на пожарот се вклучени 440 лица и 90 противпожарни автомобили. Во реонот на Марсеј итно се префрлуваат противпожарни екипи и автомобили од соседни градови.
Мобилизирани се и полициски единици, чија задача е да ја гарантираат безбедноста на населението.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top