Мар 17, 2010

Фекалии се влеваат во езерото,колекторот пред колапс

Колекторскиот систем не функционира како што треба. 1350 литри во секунда фекална вода поради неможноста да се обработи се излива во езерото. Владата никако да ја свати сериозноста на нашите укажувања, обвинува градоначалникот Александар Петрески.


Мар 17, 2010

Ден на крводарителството на Република Македонија

Денес се одбележува денот на крводарителството на Република Македонија. Општинската организација на Црвениот крст од Охрид мината година може да се пофали со голем број крводарителски акции што ги организира со различни категории граѓани.


Мар 17, 2010

Македонија не е бинационална држава

Претставниците на етничките заедници од земјава, бараат да престане нивното исклучување од јавниот живот. Исто така сакаат да се престане и со повредата на нивните уставно загарантирани права.


Мар 16, 2010

Се „пиeт“ или не?

Изворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на  неколку институции.


Мар 16, 2010

Пензионерите реагираат на најавите од Фондот за здравство

Најавата од Фондот за здравствено осигурување за заострување на начинот за препишување на лековите од позитивната листа ги вознемири пензионерите. Тие како најзасегната категорија регираат дека со овој начин на снабдување со лекови, нивното право на лекување е доведено во прашање.


Мар 16, 2010

Законот за Охрид помина на Влада

Долгогодишната идеја за посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира.


Мар 15, 2010

Петрески се врати дома

Градоначалникот Александар Петрески пристигна во Oхрид. Денеска одржа прес конференција на која призна дека посетата на Австралија ја прекинал затоа што тоа од него го побарале граѓаните и матичната партија.


Мар 15, 2010

Пештанци повторно имаа посета

Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата.


Мар 15, 2010

Советот на општина Охрид денеска ја одржа редовната 16-та седница

Советот на општината денеска ја одржа редовната 16-та седница на која преовладуваа предлог-Одлуките од извештаен карактер. По низа препирки и расправии се усвои извештајот за остварувањето на општинскиот Буџет во 2009.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top