Се „пиeт“ или не?

Изворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на  неколку институции.

 |  Крсте Голабовски  | 
Biljanini izvori
Билјанини извори

Biljanini izvoriИзворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на  неколку институции.

Последните анализи покажуваат присуство на патогени бактерии.

На заедничка маса седнаа различни тимови кои го испитуваа квалитетот на водите на Биљанини извори. Резултатите се недвосмислени. Појавата на бактерии во овие води варира.

Работната група формирана во Октомври минатата година, се состоеше од експертски тимови на Регионалниот центар за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод, МЈП Проаква и на Локалната самоуправа. Резултатите од најновите компаративни анализи покажаа дека присуството на патолошки бактерии е од времен карактер, односно дека појавата на бактерии во овие води варира. Поради тоа треба да се внимава при користењето на водата од овие извори.

Со цел да се реши проблемот со квалитетот на водата од овие извори, од страна на работната група се посочени следните критични локации:
бачилото кај Рача и двете куќи кои се најблиску до изворите, односно нивните септички јами. Од страна на инспекторатот при Локалната самоуправа им е наложено истите да ги затворат. Исто така и  просторот околу извориштето е посочен како еден од причинителите на загадувањето.

На последниот состанок на експертската група стана збор и за загадувањето на изворските води кај Св. Наум. Како главен загадувач на водата во изворите во Св. Наум е посочен  ресторанот „Острово“, кој доби забрана за работа од страна на Комуналниот инспекторат од Охрид. Вториот директен загадувач, е хотелскиот комплекс „Маркони“, кој ги загадува водите на изворот кај Св. Петка. Отпадните води од овој комплекс завршуваа во путексот на воениот камп, но поради нефункционалноста на истиот завршуваа во езерото.

Минатата година од страна на инспекторатот при Локалната самоуправа, сопствениците на хотелскиот комплекс „Маркони“, добија налог за изградба на пречистителна станица. Презентиран е елаборат за истата, со краен рок за нејзина изградба до месец мај годинава. Потребата од ваква станица е повеќе од неопходна, бидејќи иако станува збор за стари септички јами кои моментално се исчистени, сепак истите се примарен загадувач на изворот Св. Петка, за ТВМ потенцира Сашо Точков. Експертите информираат дека и обилните врнежи од дожд и снег периодов, придонесуваат за континуирано загадување на надземните и подземните води.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top