Петрески се врати дома

Градоначалникот Александар Петрески пристигна во Oхрид. Денеска одржа прес конференција на која призна дека посетата на Австралија ја прекинал затоа што тоа од него го побарале граѓаните и матичната партија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Press
Прес

PressГрадоначалникот Александар Петрески пристигна во Oхрид. Денеска одржа прес конференција на која призна дека посетата на Австралија ја прекинал затоа што тоа од него го побарале граѓаните и матичната партија.  Петрески  јавно проговори и за опструкциите кои му ги правел амсадорот на РМ во Австралија, кој неместо да се сретне со него и да му организира средби со бизнисмени, барал градоначалниците на општините да не се среќаваат со првиот човек на Охрид.

„И покрај корисноста за општина Охрид, донесов одлука да ја прекинам посетата на Австралија затоа што тоа од мене го побараа граѓаните и мојата матична партија“, рече градоначалникот Александар Петрески на првата средба со новинарие по неговото враќање. Градоначалникот уште додаде дека средбите што ги остварил се многу плодни и продуктивни.
„Бев спречен да ја реализирам посетата во целот поради тоа што се случуваше овде. Месеци наназад СДСМ и јас укажуваме дека состојбата со водостојот во езерото не е добра и дека треба да се реагира. Но на сите наши предупредувања, одговорот од владата беше да не кревеме паника без потреба“- додаде Петрески.

„Одеднаш јас станав крив за сите поплави во Охрид, иако владата до скоро и не признаваше дека ги има. Зафати политичко лудило, кое продолжи со поставување на билборди. Калта и замјата поставена на крабрежјето кажува за нивната стручност, само да покажат дека нешто прават“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

„Имаме комплетна опструкција од амбасадата на Р. Македонија како и закана до бизнисмените дека несмеат да се сретнат со мене, за што имам и доказен матријал“- истакна Петрески.

Градоначалникот истакна дека друг треба да сноси одговорност за состојбите со езерото. Тој уште еднаш потенцираше дека владата и ЕЛЕМ намерно допринеле за езерото да дојде до оваа состојба, за некој да си го зголеми профитот.
Покарај кривичните пријави кои Петрески сигурно ќе ги поднесе до сите оние кои како што вели „Злосторнички се здружија да му наштетат на Охрид“, кажа дека кривични пријави ќе поденсат и градоначалниците на Австралиските општини кои добиле закани од амбасадорот за да не се сретнат со првиот човек на Охрид.
Петрески прес конференцијата ја заврши држејки во рацете бумеранг кој го донел од Австралија и им се обрати на сите злонамерници со зборовите „ На сите кои ми мислат лошо, овој бумеранг ќе им се врати“.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top