Апр 2, 2010

Шанса охридските матуранти да станат идни новинари

Втора година по ред и матурантите од охридските средни училишта ќе имаат можност да учествувваат во конкурсот организиран од страна на Високата школа за новинари и односи со јавноста, под наслов „Изрази се преку медиумите“.


Апр 1, 2010

Охрид бара да биде администриран од Софија!

Бугарските новинари “се пошегуваа” со охридскиот градоначалник!
Денот на шегата, 1-ви април, искористен за уште една провокација од страна на Бугарија.


Апр 1, 2010

Одбележан денот на шегата 1-ви Април

Градскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите креации. Шестооделенците од Општинското основно училиште, „Св. Климент Охридски“ организираа маскенбал на кој беше избрана најдобра маска и најдобра шега.


Апр 1, 2010

Подготвени за велигденските празници

Охрид за велигденските празници ќе биде беспрекорно чист. Ова е најавата на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ ,Сашо Алче. За комуналците ниту за празниците нема да има слободен ден.


Апр 1, 2010

Рака која дава не се суши

Ова е пораката на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој  денеска посети неколку социјално загрозени семејства. Тој на семејствата им додели еднократна помош со основните намирници за велигденската трпеза.


Мар 31, 2010

Конструктивна седница на советот

Советниците дискутираа за штетите кои ги претрпеа Охриѓани поради високиот водостој на езерото. По подолги препирки едногласно беа изгласани 18 заклучоци за заштита на Охридското езеро. Советниците ја усвоија и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.


Мар 31, 2010

EVN ќе не „дере“ на нов начин

ЕVN најде начин како под лупа да ја стави потрошувачката на електрична енергија. Воведе нов систем за отчитување, обработка и наплата на потрошената струја.


Мар 30, 2010

Скребатно се пошуми со бор

Осум хектари земја засадени со околу 2 000 садници црн и бел бор. По повод одбележувањето на Денот на дрвото петнаесеттина работници во Скребатно  доброволно се вклучија во оваа акција.


Мар 30, 2010

Охридските субјекти незаинтресирани за субвенции на туризмот

Само две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top