Охридските субјекти незаинтресирани за субвенции на туризмот

Само две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот.

 |  Валентина Нелоска  | 
subvencii
субвенции

subvenciiСамо две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот. Право на поднесување на предлози и програми за активностите и бизнис план  за субвенционирање имаа правните лица, владините и невладините организции од областа на туристичкото стопанство објаснуваат од ресорното министерство.  

Од друга страна двете апликации покажуваат дека интересот на охридските субјекти  за субвенционирање на туризмот е повеќе од слаб. Голем број од оние кои што ги контактиравме  не знаеле за оваа финансиска поддршка. Други пак не биле заинтерисирани  да искористат пари за оваа намена од Министерството  за економија.
Од Министерството за економија, пак, велат дека поголема веројатност да добијат пари за развој на туризмот имаат веќе етаблираните манифестации. Прашање е дали помалку познатите манифестации ќе добијат дел од овој финансиски колач.
Со ова се поставува прашањето колку е правилен ваквиот пристап на министерството во насочување на финансиските средства. Манифестациите кои се во зачеток, повеќе од сигурно е дека имаат поголема потреба од финансиска подршка, за да не  згаснат и еден  ден  да станат препознатливи. Инаку до министерството за економија, покрај  двете апликации од Охрид, пристигнале и три од Струга  или вкупно 50-тина од целата земја.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top