Конструктивна седница на советот

Советниците дискутираа за штетите кои ги претрпеа Охриѓани поради високиот водостој на езерото. По подолги препирки едногласно беа изгласани 18 заклучоци за заштита на Охридското езеро. Советниците ја усвоија и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.

 |  Татјана Маленкова  | 
opshtina
општина

sednicaСоветниците дискутираа за штетите кои ги претрпеа Охриѓани поради високиот водостој на езерото. По подолги препирки едногласно беа изгласани 18 заклучоци за заштита на Охридското езеро. Советниците ја усвоија и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.

Штетите предизвикани поради високиот водостој на езерото пред советниците. Тие денес расправаа за кризата која се случуваше поради зголеменото езерско ниво, а воедно дискитираа и за предлог заклучоците или активностите што треба да ги направат локалната и централната власт. Најголемиот проблем водостојот го направи кај колекторскиот ситем. Штетите таму сеуште ги има и доколку не се исчистатат речните корита, работата на колекторот се става под знак прашање, вели советникот кој воедно е и технички директор во Проаква, Владо Цветкоски.  Тој даде свој коментар на констатациите дека проблемот со водостојот не е толку страшен.  

„Ние бевме на местото каде што се преливаат водите. Сметам дека да се отценува дека тоа не е толку страшно е неодговорно. Ние треба да тргнеме од коренот на проблемот, а тоа е дека прочистителната станица во Враништа не е доизградена“- изјави  Цветкоски.

Најважен момент на денешната седница е што проблеметиката со Охридското езеро повторно влегува во политички води, вели советникот Дејан Пановски.
„Охрид претрпе големи штети поради неадекватните изјави кои на моменти не беа ни реални, заради кои повикуваа на катастрофи. Охридското езеро треба да биде поврзано како комплетен басен со Дримскиот“-додаде Паноски.

Советничката од СДСМ која воедно е и доктор по биолошки науки Орхидеја Тасеска пред советниците изнасе два момнти кои во иднина би спречиле варирања со нивото на езерото. Таа напомена дека дека и зголеменото но и намаленото езерско ниво може да предизвикаат нарушување на стабилноста на еко системот, каде егзистираат ендемични видови на организми.

“Поставување на регулационен механизам на истекот на ДРИМ, затоа што дрвените талпи се несоодветни.Другата точка е неопходноста од влевање на реката Сатеска директно во Црн Дрим“- изјави Тасеска.

Локалната самоуправа постојано беше на терен.  Стручната служба која беше специјално формирана за таа намена присуствуваше на сите кризни места и делуваше со сопствена механизација, вели претседателот на комисијата за штети при локалната самоуправа Емин Селман.

„Механизацијата  на Комуналец постојано беше на терен. 34 работници работеа над 1120 саати. Се чистеа септички јами, речни корита…“- изјави Селман.

До 26 овој месец во локлната самоуправа се досатвуваа пријави за штети. Комисијата излезе на терен направи записници кои треба да ги достави до советот.  штом се усвојат таму истите се испарќаат до владата. Пријавите и пресметките завршија. на првата наредна седница која треба да се одржи во средината на месец април тие штети ќе бидат утврдени и донесени од советот на општина Охрид, вели градоначалникот на охрид Александар Петрески. Тој не сакаше да открие колкава е штетата во бројки но потенцираше дека во вкупната сума ќе биде израчуната и доизградбата на колекторскиот систем.
„Кога зборуваме за штети од грѓани и правни лица сумата нема да биде многу голема. Ние како администрација по празникот ќе излаземе со точна сума.“- најави Петрески.

Инаку по подолги дискусии советниците едногласно ги усвоја 18 заклуцоци за заштита на охридскотоо езеро, а беше усвоена и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top