Сеп 24, 2010

Остварени помал број ноќевања и на странци и на домашни гости

Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување.


Сеп 24, 2010

Утврдување и решавање на проблемите на охриѓанки

Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓанки, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата  „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“.


Сеп 23, 2010

Промовиран просторниот план на Oхридско-преспанскиот регион

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денес во Охрид го промовираше Просторниот план за Охридско-преспанскиот регион.


Сеп 23, 2010

Разочарувачки 4-та и 5-та категорија

По туристичката сезона се објавуваат фрапантни резултати за квалитетот на водата во охридското езеро. Имено, водата во дел од автокамповите долж охридското крајбрежје е од 4-та и 5-та категорија.


Сеп 22, 2010

Опожарен бродот Силекс, спречена поголема катастрофа

Се потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници.


Сеп 22, 2010

Тендер вреден колку „влакно од опашката на лавот“

Јавната набавка на touch-screen информативните пултови од страна на Локалната, вреди колку влакно од опашката на лавот.


Сеп 21, 2010

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“.


Сеп 21, 2010

Сообраќајно решение за ул. „7-ми Ноември“

Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“.


Сеп 21, 2010

Продолжува да живее староградскиот мелос

Од Охрид по 22 пат ќе се разлеат звуците на староградската музика. В петок на 24 септември ќе се одржат традиционалните  Охридски староградски средби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top