Ное 15, 2010

Кинезите пристигнаа

Делегација на кинескиот град Далиан, денес го посети Охрид. Оваа посета е резултат на посетата на  градоначалникот Петрески, кој пред неколку години присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан.


Ное 15, 2010

Што е следно….тенк?!

Охридското езеро денес на 30тина метри од брегот, во близина на градското пристаниште, исфрли сандак полн со експлозивни направи.


Ное 13, 2010

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и Црвен крст.


Ное 13, 2010

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна.


Ное 13, 2010

На слобода дел од обвинетите за убиството на Дејан Новаковиќ

Ослободени четворица притворени за  убиството нав српскиот турист Дејан Новковиќ. Обвинителството не најде докази дека биле инволвирани во инцидентот кој се случи на 27 август во центарот на Охрид. Уште еднаш се докажа колку е лесно во нашата држава да се изрече мерката притвор.


Ное 12, 2010

Кина, преку Охрид клуч за македонскиот пазар

Понеделник во посета на Охрид, висока делегација од кинескиот град Далиан. Целта на посетата е да се оствари економска соработка, со Кина гигантот на индустријата во светот, како што најави градоначалникот Александар Петрески.


Ное 12, 2010

Некои кренаа раце од наградите но некој и ќе тужи

Конкурсот за Светиклиментовите награди и повелби заврши. Досега пријавени девет кандидати. Оправдана ли е потрагата по нови добитници на најпрестижната награда, кога минатогодишните, сеуште чекаат на нив? Некои од нив, најавуваат дека по судски пат ќе си ги бараат наградите.


Ное 12, 2010

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км.


Ное 12, 2010

Новинарите на испит во ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Челните луѓе на ВМРО – ДПМНЕ дадоа одговори на неколку новинарски прашања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top