Државата ги превзема работите во свои раце. На локалитетот Св. Наум три нелегални градби наместо да ги руши општинскиот градежен инспекторат, тоа ќе го направи државниот градежен инспекторат, при Министерството за транспорт и врски.
Многу награди за средношколците од средното училиште Ванчо Питошески. На меѓународниот натпревар од Босна и Херцеговина ги освоија симпатиите на жирито и освоија награди во сите категории.