Во Основиот суд Охрид, денес епилог на грозоморното убиство кое пред една година го потресе Охрид. За убиството на својот брат Александар Ангелески, сега веќе осудениот Живко Ангелески ќе се соочи со доживотна казна затвор. На второосудениот Зоран Јовески, за кривично дело помагање при убиство, изречена му е казна затвор во траење од 12 години. На донесувањето на пресудата му претходеше крајот на доказната постапка.