Учесниците на Фестивалот на француски филм во пријателска средба со новинарите. Тие проговорија за четвртото по ред издание на овој веќе традиционален фестивал, но и за сензибилитетот на охридската публика, наспроти оној на француската. Тие велат, целта на овој фестивал е овдешната публика поблиску да се запознае со француската кинематографија, која е втора во светот.