Најдобрите српски стрелци на подоготовки во Охрид

Европското првенство во стрелаштво за јуниори и сениори, кое годинава ќе се одржи во соседна Србија е на прагот.

 |  Крсте Голабовски  | 
strelci
стрелци

Европското првенство во стрелаштво за јуниори и сениори, кое годинава ќе се одржи во соседна Србија е на прагот.

strelciЗаедно со нив денес на охридското стрелиште, контролен натпревар имаа и македонските претставници од С.К. „Охрид“ од Охрид. И едните и другите, пред првенството, соочени со реалните проблеми, сепак со скромни очекувања.

Тренерот на С.К. „Звездара“  Слободан Војковиќ, кажа дека се тука за да ги направат подготовките за претстојното државно провенство, како и за Европското првенство за јуниори и сениори на кое годинава ќе бидат домаќини. Војковиќ додаде дека во Охрид го донел самиот врв на српското стрелаштво, како Александра Ристовиќ, олимписка Б кандидатка во пиштол, како и најдобриот српски стрелец со малокалибарско оружје, Игор Чотра.  А за разликите во квалитетот на подготвеноста и опремата на стрелците од двете држави свесни се и едните и другите.

„Се разликуваме во многу нешта. Немате услови какви што ние имаме. Не знам. Опремата ви е застарена, оружјето старо и не одговара на правилата на Меѓународната  федерација, а слушам и дека со муницијата имате проблем, Вели Војковиќ.

GodzoskaШто се однесува до охридските стрелци, на претстојното Европско првенство од најавуваните пет, поради повеќе од очигледните финансиски потешкотии, ќе настапат само двајца. Финансискиот момент кој во овој спорт е императив, претставува посебна потешкотија за малиот Охридски стрелачки клуб. Целосната опрема која одгоовара на правилникот на Меѓународната стрелачка федерација само за еден стрелец изнесува до 10.000 евра, вели тренерот на Ск.„Охрид“ Валентина Гоџоска. Но таа е убедена во успешен настап на своите стрелци и во целта која пред себе ја имаат поставено.

„Единствена цел ни е исполнување на олимписка норма за Михаил Шишкоски, која треба да биде визата за учество на наредната Олимпијада, додава Гоџоска.

И покрај помошта од Локалната самоуправа, со чии средства успеале да покријат дел од трошоците за настапите на куповите низ државава, на сопствена сметка ќе биде настапот на претстојното Европско во соседна Србија. Само поради близината и помошта на колегите стрелци од Србија, овој настап е веке извесен вели Гоџоска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top