Децата со дијабетес од целиот свет на летен едукативен камп во Охрид. Кампот е под покровителство на Дистрикт 132 од Македонија на Лајонс Интернешнел. Тие во Охрид ќе престојуваат десеттина дена, а покрај забавата и рекреацијата, заедно со искусен медицински тим, ќе учат како да живеат подобро и да се справуваат со оваа болест.
Локалната самоуправа, второто запрашување против комарци ќе го организира и изведе во четврток на 21- ви или во петок на 22- ри јули, во зависност од временските прилики.
И понатаму инвеститорите не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење во екот на туристичката сезона во централното градско подрачје. Интензивно се гради и покрај тоа што градежната инспекција пишува прекршочни пријави.
Се изготвува проект за заокружување на колекторскиот ситем од македонска страна. Претставници од ЈП од општините Охрид, Струга и Дебарца дискутираа за работната документација со која би се дозавршил колекторскиот систем од Градиште до Св Наум.
Два нови продукти од третман на зелениот отпад. Покрај досегашната преработка на хартија и пластика ЈП „Охридски Комуналец“, ќе произведува муљч или декоративна пилевина и хумус.
Во охридскиот центар за вработување заклучно со месец јуни се евидентирани 9.800 невработени лица. Ваков пад под 10.000 невработени е забележан после долго време, вели првиот човек на Центарот Јован Баткоски.
Раководството од двете средни стручни училишта е задоволно од матурскиот успех по Македонски јазик и литертатура. Учениците потфрлиле во знаењето по математика. Денес беше последниот рок за поднесување приговори.
Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата.