Охриѓани после долги години, повторно на базен

Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата.

 |  Крсте Голабовски  | 
bazen
базен

Охридскиот базен наскоро ќе биде ставен во функција.

Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата.  Јовановска додава дека причина за тоа што малку се издолжи периодот на реконструкција на базенот, се временските неприлики, односно големиот број на дождливи денови, кои било пречка за успешно спроведување на самото фарбање на базенот, кое бара одредени оптимални температура и влажност.

Од почеток еве едно изненадување за сите охриѓани и гости,  беше планирано да се отвори само големиот базен, но за среќа работите ги презеде градоначалникот во свои раце, направи некој договор со сопственикот на просторот и ни е отстапен и малиот базен“, вели директорката на ЈП.

bazenСега и најмладите охриѓани ќе може да уживаат во во благодетите на базенот. Што се однеусва пак до опремата која што ќе се монтира, станува збор за една од најдобрите опреми за базени што постојат, уверуваат од ЈП-е. вредноста на истата изнесува околу 100.000 евра, што ќе придонесе за една квалитетна вода во која граѓаните ќе може да уживаат. Наредната фаза ќе биде покривање на самиот базен. Инаку станува збор за капитален проект на Локалната самоуправа, така да во игра е реализација на два плана. Бидејќи сега е добиен и малиот базен, намерата е двата базени заедно е да се покраијат, но доколку тоа е неизведливо, ке се оди на варијантата да се изгради уште еден помал базен. Било кој од двата проекти да да биде прифатен, Охрид ќе го добие долгоочекуваниот и најавуван затворен базен.

Со базеност во целост ќе стопанисува ЈП „Биљанини извори“, од каде најавуваат влезници соодветни за секој џеб.

JovanovskaЌе имаме влзеници, влезниците, наредниов период ќе имаме состанок на управниот одбор, каде ќе решиме кој ќе биде износот, сепак нема да бидат високи, туку ќе бидат прикладни за секој да може да дојде и ќе ги дадеме на предлог на совет на град Охрид, се надевам ќе ги прифатат“, додава Јовановска.

Директорката Јовановска потенцира дека сега за сега освен од организацијата на пливачкиот маратон, кои што пројавиле интерес, никој од другите пливачки клубови не пројавил интерес за да ги користи услугите на овој објект. Жално е да гледаме како битолските пливачки клубови остваруваат резултати на балкански и други првенства, а ние со езеро, со традиција, ако оставиме пливањето тука да згасне би било голема трагедија, додава Јованосвска. Пред да биде пуштен базенот во употреба, ќе се постават веќе купените лежалки и чадори и останатата опрема, а ќе се пристапи и кон партерно уредување на просторот околу базенот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top