Јул 20, 2011

Одмор платен од граѓаните на Охрид!

Вака од ОК на ВМРО – ДПМНЕ ја оценуваат посетата на градоначалникот Александар Петрески во Јалова, Турција. А како инвестиција од таму очекуваат тулумби, кадаиф и наргиле.


Јул 20, 2011

Чекаат согласнот, а не поднесле барање

Засега се нереализирани двете идеи за пешачката патека покрај езерскиот  брег во стариот дел на градот и партерното уредување на Сараиште.


Јул 20, 2011

Лош пример за гостите

На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“  се движел моторциклист  и на  даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон  униформиран полициски службеник со погрдни зборови.


Јул 20, 2011

Еко хепенинг со планински чај од Галичица

По повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица организира еко хепенинг.


Јул 20, 2011

Сериозен инцидент во Охрид поради натпреварот Шкендија-Партизан

Утрово околу 4 часот во близина на дискотеката Парк се случил сериозен инцидент поврзан со вчерашниот фудбалски натпревар.


Јул 19, 2011

Во Охрид тезга да имам…

Локациите за тезгите во Охрид, се даваат бадијала. Се додека е така, градот не може да земе здив од напаста на тезгаџиите кои се распространети насекaде. А тоа пак  дава впечаток дека најубавиот дел на градот наликува на панаѓур, каде наместо да доминира автентичното, преовладува кичот.


Јул 19, 2011

Полска носи настан од висок ранг во Охрид

Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство со ЕУ.


Јул 19, 2011

Нема лабаво!

Непослушни угостители-потешки казни. Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Предупредувањето со парични казни заминува во историјата, а доаѓа директното затворање на објектите во кои не се почитува забраната за пушење. Охрид е еден од попослушните градови, но има и такви кои не го почитуваат законот. Во иднина од пазарната инспекција најавуваат нула-толеранција за прекршителите на законот.


Јул 19, 2011

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top