Одмор платен од граѓаните на Охрид!

Вака од ОК на ВМРО – ДПМНЕ ја оценуваат посетата на градоначалникот Александар Петрески во Јалова, Турција. А како инвестиција од таму очекуваат тулумби, кадаиф и наргиле.

 |  Билјана Николоска  | 
Mihailov
Mihailov

Градоначалникот на Охрид се сонча на плажите во Турција, а охриѓани ги остави во мрак и сивило. Ова се само дел од забелешките на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кои денес излегоа со прес конференција за состојбите во градов. Претседателот Атанаско Михаилов рече дека се соочуваме со еден невиден хаос во општинава и покрај убедувањата на градоначалникот Александар Петрески дека оваа сезона ќе биде добро организирана. Тој додава дека очекувано е од една Локална самоуправа, чии што интерес е само урбанистичкот дивеење, да посегне и в крај да го уништи и онака слабиот туризам. Михаилов вели како капак на се е лицемерието на градоначалникот, кој од Турција се јавува со колумна повикувајќи да се дојде во Охрид.

Михаилов отворено прашува која е таа наводна делегација од Охрид во Јалова, Турција, во кој состав е и со каква агенда заминаа.  Дали овој пат после првата посериозна инвестициија од Австралија, бумерангот, сега ќе донесе нова инвестиција тулумби, кадаиф и наргиле. Тој вината за се она со што во моментов се случува во градот ја префрла на градоначалникот.

Михаилов вели дека зачудувачки е како некои општини умеат без езеро и без богато културно наследство да прават милиони евра од обични манифестации посетени од стотици илјади луѓе, а охриѓани кои најмногу го заслужуваат тоа, се дават во чад од скарите и прегреаното масло. Тој додава дека Охрид тоне и му нема спас се додека е управуван од оваа постава на Локалната самоуправа на чело со градоначалникот Петрески.

За крај, Михаилов рече дека сите реклами и субвенции на Владата се попусти, кога Охрид е предводен од ваква Локална самоуправа и ваков градоначалник.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top