Авг 5, 2011

Улицата Кузман Капидан сеуште раскопана

Жителите на улицата Кузман Капидан, која води до Самоиловите тврдини се жалат дека веќе две недели нивната улица стои раскопана. По зафатот на водоводната линија, раскопот само бил покриен со земја, но не бил вратен во првобитната положба. „Тешко е да се разминуваат автомобилите, а и секојдневно се гушиме во прашина.“-велат тие.


Авг 5, 2011

Музика, танц и театар и несекојдневен настан на Охридските улици

Наредниве два дена на улиците низ Охрид, публиката ќе може да ужива во мултидисциплинарниот перформанс на Истражувачкиот театар Ателјекончон од Бергамо од Италија.


Авг 4, 2011

Што треба да се случи за конечно да научиме?

Колку е стручна грижата за пловните објекти во Охридското Езеро?


Авг 4, 2011

Узурпиран двор од зграда

Жителите од зградата – ламела Б – 1,  во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување.


Авг 4, 2011

Атрактивен културен настан за роденденот на „Охридско лето“

Ексклузивен гала концерт на осумте тенори од Русија уште наречени и „Тенори на дваесет и првиот век“.


Авг 4, 2011

Охридскиот пливачки маратон за прв пат во недела

Најпознатата македонска спортска манифестација, Охридскиот пливачки маратон и покрај редовните проблеми, сепак ќе се одржи. На 14ти Август и за прв пат во недела, ќе стартуваат маратонците на добро познатата патека. Досега се пријавени околу дваесеттина учесници, а меѓу нив се наоѓаат и редовните посетители шпанската маратонка Пиљар и бугаринот Петар Стојчев.


Авг 4, 2011

Легализацијата на дивоградбите, оди многу бавно

Во Охрид нема точно утвредена бројка на дивоградби. Обидот на Владата на Р. Македонија да го среди урбаниот хаос, со донесување на Законот за постапување на бесправно изградени објекти, не оди така брзо во општина Охрид.


Авг 3, 2011

Министерството за одбрана не го сервисирало глисерот кој вчера експлодира

Неофицијално дознаваме дека сопственик на изгорениот глисер е познат приватен бизнисмен од Скопје, и дека истиот ден кога настанала несреќата, пловилото било сервисирано во Центарот за обука на вода, во каналот Студенчишта.


Авг 3, 2011

Успешна прва половина на „Охридско лето“

Помина првата половина од најголемиот, музичко-сценски фестивал во земјава, манифестацијата „Охридско лето“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top