Музика, танц и театар и несекојдневен настан на Охридските улици

Наредниве два дена на улиците низ Охрид, публиката ќе може да ужива во мултидисциплинарниот перформанс на Истражувачкиот театар Ателјекончон од Бергамо од Италија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pres Ohridsko leto
прес Охридско лето

Pres Ohridsko letoМеѓународна група на уметници кои доаѓаат од различни традиции и култури , предводени од страна на актерот и режисерот Андреа Беналио во наредните два дена ќе ја изведат претставата „Сувенир“. Името сувенир не е случајно избрано, туку тоа претставува еден симбол на мешањето на културите, на нашата заедничка работа. „Сувенир“ е нешто кое ние сакаме да остане запаметено, после тие два дена на прикажување.

„Од таа причина јас сум многу среќен што сум овде во Македонија и што соработуваме со двајца млади музичари од Македонија, кои ќе ни помогнат со нивното свирење на традиционални македонски песни во нашето истражување“, вели Андреа Беналио

Режисерот Беналиот потенцира дека кај настапите на отворено постои ризик за тоа каков впечаток ке оставиме кај публиката.Оваа претстава е само еден момент од нашиот истражувачки проект. Ние сакаме преку овие две претстави во овие два дена да ја запознаеме македонската култура како дел од нашето истражување, додава тој. Режисерот заедоволен од соработката и фидбекот кој го добива од  двајцата македонски музичари како и осумте актери кои ја чинат оваа  компактна група уметници.

„Дефинитивно тие многу брзо сфаќаат она што јас им предлагам да го направат, и ви виелам дека добивам многу позитивен фидбек од нив, секако ќе ни треба повеќе време заедно да поминеме, многу подлабоко да навлеземе во пробите. Сега правиме една монтажа за овој перформанс, па пнекогаж кога работите на монтажа мора да навлезете во одредени детали, но може да се каже дека досега сфатија дека ние чиниме една структура, потенцира режисерот.

Истражувачкиот театар„Ателјекончеон“ предводен од страна на актерот и режисерот Анреа Бенаглио, го фокусира своето внимание на развојот на оригинална театарска пракса врз основа на длабоко истражување на различни мултикултурни и мултидисциплинарни елементи. Оваа насока на работа црпи енергија од сигурноста дека истражувачкиот метод на театарот е важен и почитуван инструмент за да се запознаат различните култури и популарните традиции.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top