Мали плати, несигурност на работното место, стравот дали ќе се преживее денот, неделата или месецот како и грубиот и надмен однос на дел од работодавачите се само дел од околностите кои не обезбедуваат достоинствена работа.
„ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар.
Големата награда за литература, рускиот орден „Златна есен-Сергеј Есенин“, годинава падна во рацете на истакнатиот македонски поет Славе Ѓорго Димоски. По тој повод градоначалникот Александар Петрески, денес го прими Димоски во својот кабинет и му се заблагодари за неговиот допринос, кој не само што е важен за Охрид, туку и воопшто за Македонија.
Градоначалникот Александар Петрески ја прими екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца која постигна огромен успех на Спортската пензионерска олимпијада која се одржа во Скопје. Тој рече дека овој нивни успех е и успех на градот.
Учениците и наставниот кадар од ОУ Св. Климент Охридски го одбележаа светскиот ден на детето и учителот.
Постаментот за бистата на Гоце Делчев – празен.
Академик Цветан Грозданов, денес прославува 50 години од својата плодна научно-истражувачка дејност.
За една недела ќе биде пуштена улицата кај „Макси Д“, каде поради голем пропуст при изведба на атмосферска канализација, зина дел од патот на самата раскрсница. „Изнајдовме едноставно и трајно решение“, вели директорот на ЈП НИСКОГРАДБА-ОХРИД, Владо Цветкоски.
Охриѓани повторно го актуелизираа проблемот со распуканиот ѕид на Долни сарај. Тие бараат Завод и музеј под итно да интервенира. Од таму пак објаснуваат дека се е во рацете на Министерството за култура.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град