Повелете на „ Малограѓанска свадба“ за 250 денари

„ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт  е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар.

 |  Валентина Неловска  | 
teatar
teatar

„ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт  е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар. Оваа театарска претстава е во режија на Дејан Пројкоски.  Публиката премиерата  ќе може да ја види на 9 октомври.

projkoski „ Малограѓанска  свадба“ ќе биде прикажана премиерно во текот на целата недела. Значајно е дека има само 24 седишта за да се види претставата, се игра блиску со публиката како да се гледа филм“, истакна актерот и уметничкиот раководител на театарот, Горан Стојаноски.   

 Претставата се подготвувала во изминативе два месеци, а режисерот  Пројкоски има само пофални зборови за актерите од охридскиот народен театар. Со изборот на Брехт се потврдува зрелоста и подготвеноста на театарската екипа за  високи естетски вредности. Оваа институција се повеќе зазема важно место на театарската мапа во земјава и правецот кој го одбрала заедно со уметничкиот раководител е вистинскиот, вели Пројкоски. Режисерот додава дека љубовта и бракот како вечна тема и овој пат во претставата се предизвик за актерите, кои  преку специфична форма и театарска игра  ќе ги прикажат пред охридската публика.

„Решивме  публиката да е дел од гостите на Малограѓанска свадба и заради тоа е специфично поставена. 24 гледачи може да бидат гости на масата заедно со актерите. Публиката ќе биде дел од претставата и заедно со актерите ќе се смее и тагува, а ќе бидат и послужени“.

akteriПокрај екипата од охридскиот театар во претставата се вклучени и двајца актери од Битолскиот народен театар Петар Мирчески и Јулијана Стефаноска. Актерот Мирчевски е задоволен од охридските колеги  и од престојната претстава.

„ Правиме интересна претстава со специфична естетика. Има многу интересен режисерски, музички и актерски пристап. Претствата ќе има долга изведба, не само што претпоставувам туку и тврдам“, кажува Мирчевски.
Музиката за претставата е на Горан Трајкоски и ќе се изведува во живо од музичарите Емилија Маринова,  труба Ѓоко Алоски и кларинет Даниел Танески.
Премиерните претстави ќе  почнуваат  од 9 до 14 -ти октромври  во 19 часот.
Цената на влезниците е 250 денари.
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top