Успехот на пензионерите, успех на градот

Градоначалникот Александар Петрески ја прими екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца  која постигна огромен успех на Спортската пензионерска олимпијада која се одржа во Скопје. Тој рече дека овој нивни успех е и успех на градот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
penzioneri
пензионери

Пензионерите уште еднаш докажаа дека и третата доба од животот на еден човек може да биде многу убава, исполнета со голем број активности кои дават посебна смисла на живеењето, рече Градоначалникот Александар Петрески на денешниот прием на екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца,  која постигна огромен успех на Спортска пензионерска олимпијада во Скопје. Петрески подвлече дека пензионерите се тие кои го граделе нашето минато, а ние треба да им овозможиме убава иднина. Градоначалникот вети дека ќе им помогне во решавањето на нивните проблеми. Тој денеска на приемот им соопшти на пензионерите дека во постапка е воведување градски сообраќај со бесплатен превоз за членовите на здружението. Се поизвесна е и изградбата на Домот на пензионери во населбата Далјан,  бидејќи од пред неколку седмици државата и го отстапи земјиште на општината. Градоначалникотќе се заложи пензионерите да ги добијат потребните спортски реквизити кои досега им недостигале.penzioneri

Инаку, на олимпијадата во организација на здружението на пензионери Ѓорче Петров од Скопје, учествуваа повеќе од 400 спортисти во машка и женска категорија, од 38 спортски здруженија на ниво на Македонија.  Натпреварите се одвиваа во 12 спортски дисциплини и тоа во стрелаштво, шах,  пикадо, тргање со јаже , трчање на 60 метри, фрлање ѓуле, скок од место, домино и табла. Охридските пензионери освоија злато во  стрелаштво.

Жените во никој поглед не заостанаа зад мажите. Тие го покажаа својот борбен дух и се вратија со многубројни награди.
Миланка Панделеска освои злато во табла и е многу среќна поради тоа.

Претседателот на Здружението на пензионерите Ѓорѓи Трпчевски истакна дека на републичките игри, охридските пензионери се чувствувале исто како да учествуваат на европско првенство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top